Прво ќе се симнам доле во кујната ќе си направам топло капучино, ќе јадам, ќе гледам телевизија и ќе седнам на компјутер.
Прво одам во вц, се мијам лице, заби, потоа си варам кафенце или чај, зависи од расположение, седнувам пред компјутер, си читам дневен хороскоп на фемина, го посетувам на 15 минути форумот, се уклучувам на фб на кратко, ги средувам книгите за на училиште, гледам шо имам за учење.. Во кратки црти ова е мојот утрински ритуал Иначе за викенд повеќе време поминувам на фемина, на форумот, си читам слободна литература, знам да се релаксирам со некоја добра серија на Foxlife... навечер излегувам..
Тешко прашање. Прво,одам во веце,ако имам потреба секако,потоа седнувам на лаптоп,киснам едно 1-2,во зависност од времето кое го имам на располагање,пијам нескафе и кафе,ама баш секогаш,зато шо неможам да мрднам ако не го направам тоа,потоа се облекувам,појадувам,спремам нешто за на училиште,учам ама ретко,и среќник сум што секогаш се извлекувам, и тргам на училиште. За викенди е исто само што не се спремам за на училиште,и да се моилкнам во кревет,навечер гледам филм,ако ми се гледа,читкам некоја книга,средувам коса,тело и такви третмани,се занимавам со мојата ,,животинска градина,,и то е најчестото.
Ќе се измијам, ќе средам коса, ќе се облечам.. Ќе направам какао. И после тоа на компјутер А ако сум на училиште прва смена тогаш ќе се измијам, облечам и тргнувам таму.
мочам мијам заби,го средвам креветот и одам да ја најдам мајками низ куќа Ја гушкам за добро утро па заедно пиеме кафе
Па кога сум на училиште,прво ќе отидам во вц,па ќе измијам заби и лицето. Потоа се облекувам и си ја чешлам косата. Зимам ташната и право за у школо. Коа е викенд. Прво идам у вц,ќе ги измијам лицето и забите. Јадам,и потоа се облекувам. Ќе гледам нешто на телевизор,па ќе земам нешто да учам,и после на компјутер,малце фемина,фејсбук,јутуб и така.
Ко кје су прва смена нашколо - одам во вц се мијам лице раце заби се со ред.. потоа пуштам музика дур се облекувам пијам кафе или сок вода нешто.. е пеглам косата и излегувам па скоро истото секогаш го правам ако не сум нашколо на компјутер или излага шета негде
најчесто без разлика дали сум дома или на факултет ако треба и порано ќе станам ама прво пиам кафе, после миење , шминкање , облакање итн .
зависи кога ќе станам .најпрво пијам капучино, си апнувам нешто благичко обавезно ,си пуштам тв наоѓам добар канал некои песнички ,главно тоа
од кревет право во ве-це мочкам па се мијам после па одам правам капучино пијам и нешто благичко си каснувам или јаболко,банана, вклучувам лап топ и то......