Станувам и одма одам во кујна да ставам кафе, после wc па седнуваам на раат да си го испијам кафето и после си го терам денот
Значи јас однопаку хахах... Станувам го уклучувам компјутеро (најпрво ), после у купатило(миајне заби, лице...), па се средувам т.е да се облечам...., па поручек и послеее ако имам нешто испланирано го работам, ако неее се знај шетање или пак ке скиснам дома на феминаааа.....
Прво и основно: Се обидувам барем до пола да ги отворам очите, иако и тоа најчесто не оди... Второ: одам во кујна да ставам вода за кафе и се обидувам да не ја згрешам ринглата Трето: се мијам Четврто: се враќам да го направам кафето Петто: уклучувам компјутер и седнувам да го испијам кафето Е после тоа веќе е поубав денот
Незнам дали е чудно или не, и дали сум единствена, но кога ќе се разбудам наутро сум најумрна наместо да бидам најодморена.. Па кога ќе станам, половина час одмарам од спиењето.
Се мијам се средувам јадам седнувам на компјутер тоа за викенд а преку недела се средувам и право во школо
Хмм...го проверувам телефонот, фрлам поглед кон прозорецот и ако има некоја убава миризба во куќата обавезно одам до рерната да видам.
Stanuvam odam vo dnevna....legnuvam..e posle kupatilo pa jadenje prvo zs ako piam prvo kafe zeludnikot boli nejkit kafe. Potoa kafe, cistenje pa....neznam razno sekoj den.
Му сменувам памперс на син ми. Одам во кујна палам огнот, варам кафе (за во меѓувреме да се подизлади) и топлам млеко за него. Пие млеко, пијам кафе мијам заби метам бришам и си играме после цел ден
Зависи од обврските и од времето на станување. Кога треба рано да станувам го оставам snooze-от да сврти пет-шест пати, па после тоа станувам. Облекувам чорапи, па папучи. Ја врзувам косата. Одам до тоалет и се мијам лице. Јадам. Пијам кафе/чај. Се мијам заби. Шминка. Облека (од вечерта ми е спремна на стол за да имам повеќе време за спиење сабајле). Трчам до автобуска. Започнува денот. А кога немам никакви обврски тогаш си се излежавам барем еден саат. Седам на нет од мобилен, читам книга или учам (поретко се дешава ова). Станувам бла бла бла, уклучувам компјутер и др. што ќе донесе денот.
Прво одам во тоалет да се измијам и средам, се облекувам и одам да го прошетам кучето. Потоа следува пиење и чај и јадење па почнува денот со обврските...
Зависи кој ден е. Кога сум на училиште, станувам, па најпрво одам во вц, потоа се облекувам, се чешлам, подготвувам чанта, проверувам што има ново на инстаграм, ако имам време си правам листа за што треба се да правам тој ден. А, ако е викенд, е тогаш уште што не правам. Станувам, па одма вклучувам телевизор, музика ова-она, на телефонот веднаш, проверувам инстаграм, па си вклучувам компјутерот, на јутуб, па фемина, точка, читам нешто, па потоа јадам, па се мијам заби.
Прво си гледам новости на facebook и на instagram додека да се расонам потоа одам во wc да мочкам,се мијам заби и лице а потоа се облекувам средам малце косата и јадамм