Незнам каде да го поставам прашањето па може овде ке добијам одговор Дали некој/а знае дали може од snapchat да се вратат избришани пораки ?
Слушам музика, читам теми на форумов, на вибер контактирам со фамилијата, на фб и инстаграм гледам memes и си праќам со сопругот и пријателки.
Слушам музика или гледам видеа на youtube, скролам Facebook и Инста, седам на форумов или пребарувам и читам статии што ме интересираат. Интернетот го користам и за работа.
Нема за што не. За комуникација пред се, многу ми е потребна за комуникација со колеги, пријатели, за лесно добивање на информации. За учење, нема нешто што не е достапно на нет, се што не ми е јасно гледам видеа на youtube, електронски книги, студии, семинари. За шопинг, нарачувам доста преку нет, плаќање на сметки, се што може да се заврши преку нет, а да не се туткаш по гужви, да чекаш ред и слично.
Во слободно време играм онлајн игри со луѓе од целиот свет. Имам учествувано и на натпревар но без некој значаен резултат.