Тестенини, Пица,овошје,зеленчук,благичко кога не сум на диета ,некое кифле меснато домашно м мх убавини
Во последно време, се, само благо не. Не знам како се одвикнав, веројатно телово нема побарувачка по благо. Ме убива монотона исхрана, така да се обидувам да внесувам се. Само од едно никако да се откажам. Аргета за доручек и свежи зелени салати за вечера. И секако тестенини на секаков начин. Кога и да не знам што да јадам, измислувам нешто набрзинка за да смучкам со тестенини и тоа е тоа. Еднаш, два пати неделно ме фаќа стрвност за фаст фуд и за нешто мрсничко. У суштина имам некоја теорија, дека телото само ќе си побара она што му е потребно. И фала богу моево го слушам со сите увца отворени па внесувам од секоја боја по нешто. Само ова благово, со сила некогаш ептен ако сум на гости па не сакам да ги навредам. Чоколада и бонбоњери веќе не ми носат, знаат дека нема да ги изедам
Јадам се голем обожавател сум на храна ! но во последно време гледам да внимавам почесто јадам гризини со јогурт корнфлекс мусли,и шопска ммм малце претерав последниов месец со шопскава ама не можам да и одолеам
Најчесто јадам тестенини, пица , ориз, пилешко месо и свинско месо. Од благите работи најчесто јадам палачинки и бисквитна торта . Од брза храна најчесто јадам тост со печеница и вегетаријански тост.
Ммм тестенини дефинитивно. Сега во лето ќе си јадам и летна манџичка доста често, исто често јадам и торти и мафини, зависи дали сум во расположение да си направам нешто такво
Љубеница скоро секој ден јадам,зелена салата,суви кајсии,пилешко на секаков начин,пуканки не можам без нив Mаслинки,сирење какво било Hе ми текнува друго