Стоби флипс, компири на сите можни начини, сирење, павлака, чоколади, грицки било какви, месо свинско на сите можни начини, чајна, кашкавал, пица, пастрмајлија, панцерота, крофни и мекици. Стандард, навика, потреба, уживање.
Бомбици од Палма и палачинки. Не сум некој огромен фан на палачинки. Ги јадам, но не ми се омилено јадење. Порано од време на време знаев да купам од Амати, или пак да си уживкам во палачинките на мама, ама сепак не ми се меѓу омилените. Откако отидов во Берово, кога ги начекав по 40 денари им се фрлив како нездрава. Тоа ми беше предјадење, главно јадење и десерт, два пати во денот. Оттогаш не можам да се одделам. Наједноставни ми се за вечера, не му ја мислам многу и секој ден трчав до палачинкара, Палма или ја мољакав мајка ми пак да прави.
Салата од трупки! Јадам секој ден, изрендана со оцет со билки и маслиново и сол. Скоро секој ден јадам супа, домашно подготвена со многу моркови и магдонос.