Колку што прошетав низ форумов, не видов ваква тема. А често пати се фаќам себе си, па и други како пишуваме што не би му/и кажале во темата "Што би му кажале?" Ако не заврши темава во ѓубре, нека биде катче за сите тивки исповеди и неми крикови на душата. Ќе почнам прва. Луда привлечност кон тебе осеќам уште од првиот разговор. Изговори наоѓав во моите побудалени хормони и разговорите кои ни одеа од рака како да се знаеме цел живот. Фантазирав за тебе, премногу често, премногу силно. Кога се сретнавме прв пат, си се насмеав во себе. Си реков "колку си будалетинка, воопшто не е твој тип. Не ме привлече физички, не ме привлече бојата на твојот глас." Воопшто никаква физичка привлечност. А сепак не престанав да фантазирам. Смешката испадна на моја сметка. Неколку месеци подоцна, еве сум, тивко и потајно се топам на секоја слика од тебе. Со најискрена љубов и радост ги гледам тие очи, образи, носе, раце, кожата... Ако ова не е магија, не знам што е. Најлудо и со најголема тежина сум заљубена во тебе.