Од оние чоколадни со вишни внатре .. бонбоњери ли беа .. леќа , секаква сарма и грав , има еден кашкавал во Рамстор у Тетово , на рефус го даваат како повраќаница има вкус , пача , боза , сите нести чајчиња т.е води .. 
Производи од Swisslion се е хемикалии, поготово соковите нема ни с од сок (чист Step-Light на времето)
Пипо сокови - кога бев на еднодневна екскурзија во Маврово во 7 одделение за Снежниот град,ни ги дадоа тие отрови,т.н. сокови заедно со сендвичите што ни влегуваа во цената и после првата голтка го турав по снегот. Тие турските чоколатца и еурокремчиња кои за мене беа непознати. Тие на Улкер се убави,ама тие другиве на кога прв пат ги видов и ме убедуваа да ги пробам и кога ги пробав,воопшто не ми беа вкусни.
Од оние креч белите слатки со вкус на гипс картон. Се прават од белки, шеќер, знаете за кои зборувам.Целуфки.
Сардина и туна во конзерва, секогаш имам потешкотии кога ги јадам посебно со кромид.. тешки ми се. Грашок, пача/пивтија, полжави.. и овошје, колку и чудно да звучи. Никакво.
ПAЧА Ама стварно, поодвратно нешто не постои. Убаво не сакав ни да мириснам до сега, а не па да пробам ама асално ме зезнаа годинава
Тонус леб! Еднаш се зезнав... Јас незнам што ви е грозно во пивтијата? Мирисот на лук или конзистенцијата? Мене ми се свиѓа...сакам и лук и свинско мевце