Пијам кафиња со вкусови (monin), па викам да го земам чудово да утепам 2 муви со еден удар, ем здраво ем вкусно. Онаа водана кога ќе го сварите првиот грав има повеќе смисла од ова чудо. Никад више.
Општо бадемовото млеко не може да го поднесе секој, јас на пример не можам. Скроз го менува вкусот на кафето. Не знам дали имаш пробано кокосово малку поубаво е.
Не би купила Милка Орео, Милка (ниту било какво друго млечно чоколадо) кое содржи парчиња колачи, бисквити, кикиритки или што ти знам. Само лешник им признавам.
Посниот напиток со протеин од грашок на Виталиа. Го земав за време на Божиќниот пост, како замена за млеко во кафе и за со мусли, но ич не ми се допадна вкусот, а и не се раствора добро.
Добар е под претпоставка дека сакаш такви вкусови Ма да не е ништо тешко тоа и дома да го направиш сама.. Јас дома си правам баш по вкус
Пробав еднаш сама да правам и не го погодив. А го сакам тој сос за со пилешки прсти. И го најдов овој и ќе го купам штом е добар, јас по редок го сакам иначе.
Фалафел, хумус со маслинки. Thai Sweet&Chili, црвено пакување на зачин го има во поголемите маркети, ама разочарување, а сакам такви вкусови. Од благи работи, Мозарт марципан, дадов две шанси и двата пати заврши со пола гризнато во канта.
Кремовите им се предобри, ама ова не ми се допадна. Чоколадото одозгора ми има вкус на блок чоколатцата.