Златна црна чоколада морало Руби да е Шала на страна, не сум го пробала. Руби чоколада имам во Холандија јадено, ама појма немав тогаш дека е посебна врста чоколадо. Мислев дека е вештачки боена
Јас во белгија пробав ама таа ми беше појадлива од оваа или непцата од толку пиво не го перцепирале многу чоколадото Јас го земав сладоледов онака да го пробам дали ќе ми фати око ама неее... Јас од нашите третокласни сладоледи Мачо си го сакам.. Од тие поскапите попребирлива сум
Јас од еден дедо албанец тука си купувам строго, како џелато кремаст и мрсен. А од тие на стапче од најпростите, ледените
Не знаев кај да го сместам ова предупредување од АХВ, а и јас ги користам овие продукти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи односно сладоледи, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид. Од пазарот се повлекуваат сладолед KIT KAT стапче со потекло од Франција, сладолед Милка Ванила и Чоколадо Стапче со потекло од Полска и сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник од Полска. Причина за повлекување на сите сладоледи е дека претставуваат небезбеден производ поради присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. „Горенаведените производи, во количина од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет“, соопшти АХВ. АХВ апелира до потрошувачите кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски број/лот, да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле или да ги уништат.