И мене тие од продавница не ми се вкусни. Некако ми се кисели и доста кашави, што знам. Ако можеш и ти е мерак, можеш да си направиш дома, лесно се прави. Не знам дали тие од продавница имаат таков вкус поради конзерванси за да не се расипат брзо, ама и мене не ми се вкусни воопшто.
Мене па баш ми се вкусни. Дома редовно правам хумус, препорачана ми е исхрана која не содржи конзерванси, а инаку тие од продавница посебно на една фирма не се сеќавам точна која ги обожавам.
Ова сирење, никогаш нема ист вкус.. Еднаш е несолено, друг пат пресолено, трет пат е како урда се рони..
Вива соковите колку ги имаат расипано . И тие од литро имаат полош вкус од тие дволитарските што им беа. Само шеќерна вода и вештачки додатоци. А баш се издвојуваа од другите по вкус и квалитет, сега веќе не личат на ништо.
Многу се популарни овие па од пуста стрвост решив да ги пробам Катастрофа . Премногу благи, преееемногу путер од кикиритки за мој вкус, кога ќе голтнеш толку е благо а во исто време и солено, незнам како да опишам ама одамна вакво грдо благце не сум пробала Мислев се нешто wow оти се ептен популарни ама катастрофа се, барем мене ич не ми се свиѓаше
Има ли други вкусови од овие? Мене па ова без глутен ме привлече, ама со слива и урма не верувам дека ќе ми се свиѓаат.
@SummerGirl, уште под камен што не ги побарав колачињава. Рандом ги видов во ДМ и искрено и овие со чоколадо не се јадливи. Некако преблаги се и претешки.