Јас не ги купив за мене. Купи една пријателка и ми даде да пробам. Едвај го изедов. Сум пробала колачи без глутен, ама овие со слива се врв. Многу се грозни.
Мислам дека не е до сливата, туку кога погледнав во состојки видов мед и мислам дека без фил би биле повкусни. Кај колачето благо, кај филот... Мислам со денови нема ми се пријаде благо сега. И ова еден од полошите сокови што сум ги пробал.
Маркетинг. Рекламата продава, само и рекламата одвратна е како и самиот сок. Бљак, мирисот гаден, мириса на некои ефтини влажни марамчиња од 10 денари, измешано со мирис на некој преблаг колач. Го пробав летоска, ладен пројде некако, испив неколку голтки ама затоа после коа се стопли, ужас. Мене ниту оригиналната не ми е нешто, само Шоката, најосвежителна.
7Days кросаните мноогу ги сакам. Овие со чоколадни парченца ги пробав еднаш и никогаш повеќе. Многу невкусни, тестото воопшто не беше меко, тврдо некако, како да јадеш кроасан со камења и без полнеж...
Кај нас летово и така ги даваа на плоштад, промотивно сите си земаја дури по два три пати, бес пари да ми го дават не го сакам.
Зошто го купив ова, побогу? Мислев дека ако ајварот им е океј и ова ќе им биде. Што е ова? Какао крем без никаков вкус и мирис на какао. Некаква чудна кафеава материја слична на течен хумус, со зрнеста структура кога ќе ви ја допре јазикот и вкус на безвезе мармалад од нешто, ама не знам од што ...ужас.
ми беше омилена, додека не ја уништија, штета.... Пакувањето го сменија, ко пластика од улица да нашле и ставиле урда во неа и еден лист залепен ко деца да го лепеле, неповрзано за тоа, урдата многу гадно мирисаше ко на некоја крава не знам, пиперките дали едвај една и небитно повеќе да имаше, кога од мирисот на урдата ќе ти се згадат и пиперките.
Далеку е ова од какао крем, ако си очекувала такво нешто Ова е всушност тиква, со гроздов слад, цимет, портокал, ванила и какао. Само што јадев. Најмногу се осеќа вкусот на тиква и не е лошо, ист вкус на тиква само нешто слатко додадено. Лошо е ако се очекува какао крем во теглава. Сепак секој со свој вкус.
Прв пат кога купив ставав во овесна каша, сега си го јадам како десерт, со лажичка директ од тегла. Овие од 200 грама ми се за едно јадење, има и поголеми. Баш тиква е, пасирана тиква. Само што пишува какао а нема вкус на какао, тоа е "проблeмот".
Само мислев дека ќе има поинтензивен какао вкус, можеби погорчлив, пошто обожавам какао, ама некако апла блуткаво ми е. Само што го купив, и ајде да го пробам, ама не ми се свиѓа уопште ... Ете добра идеја, ако може да го смешам во овесна каша, со банана нешто ако бива, да не го фрлам.
Е да, и јас очекував поинаков вкус. Стварно мами вака, плус бојава... Мислев дека најмногу ќе има вкус на какао а испадна нешто друго.
Друго што ме мамеше беа и калориите, 61 калорија на 100 грама, што е за радување, ама ете не ми е вкусно
Авокадо. Колку сака нека е здраво, втор пат пробав и уште погадно од првиот пат ми дојде. Со што и да го комбинирам, вкусот е грд.