Еднаш пробав и никогаш повеќе. На мене тие со вкус на еспресо не ми се допаѓаат. Тие со вкус на макијато се супер.
Само путер да јадеш одвратно е да. Јас најчесто во некој колач го ставам или мафини и многу убав шмек дава. Последно хит ми е во банана лебче да ставам превкусно мириса.
@shz @minne992 не сум алергична на кикирики, ама вчера јадев во комбинација со овошје баш и по некое време сета се чешав и плус ко да ме гушеше. А не изедов нешто премногу. Дефинитивно не е за мене.
1. Луна кремот со вкус на ф'стаци. Обожавам ф'стаци, но производот ми беше големо разочарување. Преблаг, пропратен со крш обичен јаткаст вкус. 2. Сладоледот од лимон во кора од лимон од Стокомак Не дека е премногу лош, би му дала 5/10. Но, не вреди за тие пари, вкусот ми е повеќе така slightly утепен отколку освежителен. Воедно, не е најпрактичен за јадење Но, сакам да пробувам нови работи и ми се свиѓа поуникатниот концепт
Каде го има кремот, а и сладоледот јас никако да го начекам. И јас многу сакам од 'фстак сладоледот од Стокомак е преубав.
@anggell Кремот мислам го има во сите поголеми маркети, го имам видено и во Кам, Жито, Кит-Го. За сладоледот не знам искрено. Јас го пробав пред можеби месец и пол, па сега не сум загледала дали го има
Денес видов дека го има, ама викам прво да прашам, каков вкус има од лимонот дали нагорнува? Имаше и од портокал, се мислев дали да земам на крај вратив, во фрижидер имам неколку сладоледи почнато, повеќето не ми се допагаат и најверојатно во канта ќе одат па не сакав да ризикувам. Од Стокомак најубав ми е од 'фстак и вишна, за ова лето ми се
@anggell Не е кисел, да не може да се јаде. Буквално ми беше како слатка павлака изматена со сок од лимон. Ладен е океј, но онака не ми е претерано освежителен. Колку повеќе го јадев, така ми стануваше утепно/здодевен вкус кој не го ни довршив. Но, тоа е мој личен впечаток За тој со вкус на портокал некаде прочитав дека е повкусен, но не можам да потврдам
Е ај може ќе го пробам и овој, јас сладоледи не сакав, што ми е оваа година ги собирам дома како животинско царство