Новиот Витаминка сос од мед и сенф 4/10. Ја сакам домашната комбинација, па затоа му дадов шанса. Но, во сосот преовладуваат киселите ноти, па дефинитивно не ми беше пријатен за јадење. Исто така, потечен беше од очекуваното. Воедно, не знам како го дизајнирале шишето, но и скроз малку да притиснеш, излегува повеќе од што сакаш, како да си употребил максимална сила
Колку е? Ќе го пробам за да знам колку е за никаде. Кога сме кај Витаминка, Цевитаната им е катастрофа!
@Antebellum По 200 денари мислам дека беа, тука некаде. Пробај, може ќе ти се допадне на тебе, сите сме различни Јас следно би сакала чедар сосот да го земам, иако овој не ми беше погоден
Хумус. Порано јадев од Ribella, после купив од Guru и ми се згадија за навек. И чили сос, зедов од Полимарк и ме изгоре. Го фрлив после еднаш што го употребив.
Лигњи во сопствен сос. Ја ги земав од Тинекс ама веројатно секаде се такви. Ја погрозно нешто одамна немам пробано. Тоа црно внатре мислиш труп јадеш, фуј!
Фан сум на сите видови колачи O'cake ама овие не ми се допаднаа ич. Имаше едни од морков, очекував да не ми се допаднат и тие али испаднаа поубави од овие.
Пак јас да се пожалам Грчкиот јогурт т. е. павлака Мене очигледно се што ќе ми пофалат не ми се допаѓа
Смрзната морска храна, Грчки јогурти што ги увезуваат од Грција (олимпус, колиус, кри кри и сл.) - кога и да купам редовно се мувлосани иако се со уреден рок на траење, Хумус од Бубало, грд ми е не вреди за парите, Винчини тортици - едноличен вкус.