Кога ваква тема ќе дојде на ред мене прво што ми текнува е пастрмајлија... во осмо бевме на екскурзија низ источна македонија и не сум сигурна дали во велес или штип јадевме, ама тоа месото многу лошо мирисаше, а ние бевме прегладнети и јас го изедов само лепчето одоколу суво што е
Исто и јас...колку само убаво изгледаше на амбалажата што си купив од најголемите погрдо нешто немам јадено.
Чајна (било каква),шумка ,паштета ,сардина (кога ќе ми текне како се прозиведуваат ми се повраќа а не па да ги јадам )
Дуња, диња, тиква, манго, папаја и остали тропски овошја, баклава, алва, евтини вина во буренца, жестоки пијалоци.
благо млеко со врв, црвен грав (кога не е во тавче потпечен) и слатко од зелени патлижани или црешни ..