Темна чоколада. Од оние со не знам колку проценти какао. Колку сака нека е „здрава“(нели ја фалат по сајтовите), мене ми е грда. Едвај можам една коцка да изедам. Како отров ми е. Подобро ќе се откажам од чоколада отколку да јадам темна или кујнска чоколада. Можеби престанав да купувам одредени сладоледи затоа што имаат ваква грда чоколада.
Swisslion ги избегнувам традиционално.Се што е нивно никогаш не го купувам.Златен Агроплод.Времиња беа тоа
Blue cheese. Купив како ова на сликата и воопшто не ми се допадна, не го доjадовме. Вкусот е како старо, пресолено, смрдливо сирење. Ни со макарони не ми идеше дури... Никогаш повеќе.
Обично се за мезе ваквите сирења, не одат со макарони. Како ордеверче помешано со кашкавалчиња и совомеснато може да помине, а нема ни да го осетиш, секако мали парченца и во мали колични да се јаде.
Свислион и Спорт кремовите. Никогаш повеќе. Мешан кашкавал, туна со макарони, малиџан со макарони, риба со мајонез.. Ужас...
Не го користев во големи количини, туку ептен по малку, ама вкусот, а и мирисот воопшто не ми се допаднаа. Сепак, сѐ е индивидуално, на едни им се допаѓа, на други не. Немора да значи дека jас незнам како да го комбинирам, па поради тоа имам одбивност кон него. А и коjа му е поентата ако не треба да го осетам на вкус? Зошто тогаш да давам пари за нешто што нема да го почувствувам, ноу сенс.