Свинско месо(BTW сите меса освен мелено) , трилече , смокви,пача, урми, дуњи, цитрон, ЈАПОНСКО ЈАБОЛКО ...
Готово пици од Кам маркет (ги има со зеленчук, вакви, онакви...) Еве, сега ми дојде нагон на повраќање
*Пифтија и полжави(немам пробано ама одбивно ми изгледаат ) *Кафе без шеќер како мајка ми што го пие(оваа фаца ја правам кога пробувам ) *Сенф(некако ми е грозен и многу вештачки...отпрво мислев до сенфот е ама имам пробано повеќе видови) *Сало(немам пробано ама едноставно ми се од него) сега само овие ми текнуваат ако ми текнат други ке си напишам
Чоколадната маза на Здравје Радово - грозно! Кога првпат ја пробав ми беше ок, ама сегна незнам воопшто како можела да ми се свиѓа. Бљак ко павлака помешана со какао.
Палента,чудни делови од животно(мозоци,дробови,срциња и слично ),чоколадото Цица Маца,Бејк ролс од сланина ,Ротквици,Фанта со вкус на малина,боза. Морската храна ми е посебно одвратна,евентуално риба можам да каснам,друго ништо. Шеќерна волна-сестра ми ја обожава,јас не можам да ја смислам. Чиста глупост. Месен нарезак-сум пробала неколку видови,ама џабе е,гадна работа. Диња-знам да се излажам сите кога јадат,да каснам,ама во поголемиот дел од времето ич ја нејкам Има сигурно уште еден куп други работи,ама ќе се надополни листата друг пат
Жабите што ги пече вујко ми. Може ви изгледа чудно ама ко пробав малку убаво ми се причина и им викам што е ова и ко слушанв жаби мислам дека инфаркт ме стрефи во истиот момент.
Што ти е бе, жаби е специјалитет, имаш ли поим колку се скапи.Јас ги обожавам, само што го забранија ловењето со закон и сега поретко ги има, а и не им е сезона сега.
Каков специјалитет златна сестро добро е што сум жива хаха. Не се толку лоши но сепак не би друг пат.
Мене ми е чудно што немаш слушнато досега дека се јадат.Тоа како прво не се секаков вид на жаби, туку одреден вид кој се јаде, им се готват само бутовите со нозете.Кај нас во секој ресторант се служат, порција од кило чини околу 800 ден, ете колку се скапи.Мене ми се превкусни, со оној сосот што го служат.Страшно. Се извинувам за оффтопикот.