Ај девојки споделете во повеќе црти што не би промениле во својот живот, јас на пример не би го променила карактерот, тоа ме прави она што сум и со него ќе постигнам се.
Себеси - ниедна особина кај себе не би ја променила. Далеку сум од совршена но си се сакам баш ваква во целост.
СЕ! Да не речам дека сум перфектна,далеку од тоа..но јас си се сакам таква каква што сум и никогаш не би се сменила.Мислам зошто воопшто би се сменила,јас сум таква-каква што сум,и се си сакам кај себе:изгледот,карактерот,убавината(не до толку )... Така да во други зборови ништо не би сменила
Не би се сменила самата себеси ! Не би го сменала карактерот за ништо Не би ги сменила моите пријатели и моето семејство..не би го менувала градот ! Би ги сменила само луѓето во него, би ги исфрлила сите оние уфилмани и арогантни. Би го смеинла менталитетот на нашата држава...инаку животчево си го сакам каво што ми е
Минатата долгогодишна врска. Многу работи ме научи за почитување, позитивност, безрезервно давање љубов, читање книги, музика и да не набројувам бидејќи списокот е долг, а човекот е ангел кој сум благодарна дека имав можност да го познавам и поминам години со него.
Родителите не би ги сменила, да можам би ја подобрила нивната здравствена состојба ама нив не би ги менувала
Не би сменила: -Не би се сменила самата себе! -Карактерот! -Изгледот! -Стилот на облекување! -Со еден збор опишано СЕ!!!