Не знам дали има ваква тема Ама инспирирана од најгрозното нешто што го имам јадено до сега, решив да ја отворам. ЗНАЧИ топло ладна ми се чини беше салатата со морков на жар пиперки на жар, марула домати... Во Пошта! УЖАС Пошта со оглед на цените е ок квалитет сум јадела доста работи биле солидни, пиршката највеќе ама ова е едно Големо НЕ.споделете каде и што ви било најгрозно нешто што сте порачале да знаеме да не се изгориме
Ако еднаш го утнале не значи дека секогаш е лошо подготвено... и тоа треба да го имаме во предвид. Just sayin'.
Кафе пица Хепи во Прилеп. Од персонал до храна ужас. Нарачавме средна пица кога ја донесоа мислевме дека е грешка затоа што беше ептен мала. За вкусот нема да кажувам, катастрофа. Штеделе на се. Дефинитивно не би влегла пак таму да јадам.
Утка е едно,ужасен вкус и грдоќа е друго ова беше ужас на вкус, не сакам ни да се присетам.Не знам од кога волку грдо нешто немам јадено
Равена, пилешки прсти - после тоа ми се слоши, како полнети со течности беа внатре. Другарка ми имаше земено пица - мастика. Немам идено од тогаш.
Во леоне питата со нутела,како да јадам изгорено чоколадо А исто де зезнав во АБЦ, нарачав тост ми дадоа една кришка на пола со минијатурна шунка кашкавал за 60 денари и ич не се исплатеше а не беше лошо по вкус
Чили чипс во Тренд (Сити Мол), исто италијански помфрит во Тренд (Аеродром).Ужас, зејтин 3 тона пливаат, за цената исто така не вредат, хот-догот не им е лош ама 3 залка има, а и некој сендвич со пршута што го јадев еднаш.Во глобала во Тренд храната е никаква со напумпани цени. Цезар салата во Пошта Карпош е никаква, мислам дека цели листови марула ставаат не ги сецкаат а и таму храната е сомнителна, клуб сендвичот и помфритот се нај океј од се.
Па со оглед на цените во Пошта може да се очекува и гној јадење. Омлетот како со вода растворен да е пред да го пржат, цедениот портокал исто растворен со вода..бљак. Подобро плати си поскапичко, а јади си квалитетно, отколку за ефтини пари да голташ едвај. Цезар салатата во Бруклински Бистро не ми се допадна, не личеше на Цезар салата воопшто, со сенф-мед одозгора, наместо соодветен сос..хаос.
коктел во пошта ...ако јас пијам коктел пр секс он тхе бич и не го добијам го тураат во сад го вракаат па после наредниот што ќе го нарача истиот коктел му го ставаат мојот не допие исто е и со храната ја засекуваат само кај е изедена па после на друг ја даваат
да од различни луѓе истото сум го слушнала мене пошта ми мн блиско и ми одговараат цените ама ова е катастрофа имам другарки што пијат мешааат све и свашта и никад не повраќале се напиа една цаса коктел од таму 3 дена повраќаа истото и мене ми се деси со коктел од таму
Јас гледам надвор по ресторани многу да не јадам, а кога морам јадам само помфрит бидејќи ретко кој умее да го утне. Иначе, во секој ресторан може да се најде некое јадење кое не чини. Плус зависи до куварот, не сите ги готват јадењата на ист начин во истиот ресторан. Едно од најлошите работи кои ги имам пробано се палачинките во Nu House. Буквално живо тесто премачкано со нутела јадеш. Никогаш ја немав почувствувано таа болка во стомакот од јадење до тогаш.
се согласувам за палачинките, се декларираат како специјална палачинкара, а таму ја имам пробано најбедната палачинка, тотално разочарување.