Шалвари ( не би сакала да изгледам како покакана ) Шпиц чевли Кошули со потпунки на рамената Ѕвонарки Било какви панталони со висок струк Кратка маичка Глупави широки сомотски панталони Чевли со дебела штикла Нешто мнооогу дречливо Сребрена,златна јакна Марама од оние 'емовскине' Итн итн...
Никогаш, ама баш никогаш не би се ставила во комбинацијава: кратка маичка, минич и салонки, или чизми со висока штикла и плус црвено карминче
Пааа никогаш не би облекла : -оние чизмине сеа што се во мода што ги носат и машки и женски (светло кафени со дебел ѓон) -чизми до глужд кои се целосно затворени а само на прстите се отворени -шпиц штикли -лаковани ташни или чевли -анимал принт -сукња под колена
Мое мислење е дека поентата на темава е малку повеќе промашена, имено најчесто се ставани слики, мислам екстремно екстремно лоши, што мислам дека никој со здрав разум нема да ги облече, освен нормално, таму некои фрикови, а ние овде ги коментираме.. е сега исто да напоменам, не е исто нешто да не ти стои и затоа да не го облакаш, а сепак ти се допаѓа на друг, и работи што стварно колку и добро да ти стојаат, тоа неможеш да го проголташ.... е сега нормално неможе некоја со 100 кила (се извинувам ако навредам некој) да стави хеланка...тоа значи не....и да си каже јас хеланки никако....и да не каже, тоа се подразбира он топик...никогаш нема да облечам балетанки, ако толку мора подобро по чорапчиња ќе излезам...нема да облечам нешто што секој втор го носи, па колку сака нека е добро и нека ми стои добро, оние балонки капутчиња одвратни, шпиц чевли...и тн... а за шалварите овде што сте ги ставиле.....ммммммммммм....само да можам да најдам такви......... и за патиките на штикла.....кај најдовте волку лоши и бедни слики, јас имам неколку пара ама сосема се поинакви, овие не би ги ставила.......има некој какви и да се нема да ги стави, ама јас носам, но овие од сликиве Да се дополнам...ќе заборавев најбитното...оние чевлиња најчесто ставани во модни критики, малку повисоки нагоре, како подебело каивче, а делот од ногата напред гол..неможам да барам слика...ама ете такви ама никогаш....и се што има на него ,,куршуми,, оние бакарно златни метални топчиња
Сите што спомнавте шпиц чевли, не знам на какви точно мислевте ама не ми се верува дека во времето кога беа „популарни“ да речам - а тоа не беше толку одамна, дека нитуедна од вас ги нема облечено. Или сако со потпунки - па ко за беља тој дел од 90те години повторно се враќа во мода и да видите пола град да почнат така да се облекуваат и вие ќе почнете. Исто со гумените чизми - пффф абе ај. Ќе прошетате малку низ Европи и Америки каде што секој втор ги носи и ќе почнете и вие Зборот ми е, дека многу добро го знам и познавам нашиот менталитет, цел град чопоративно облечен во едно те исто, и велиме дека во живот не би носеле нешто. Се крстиме и колнеме во Буда и дева Марија и Свети Никола - ја? Боже сачувај! Никад! И ко за инат тоа нешто од утре може да биде повторно во мода и кога веќе 20 и кусур единки ќе го облечат, верувајте, сите ќе почнеме да го облекуваме. Колку и да сме плукале по тоа. Се е релативно и се е прашање на вкус, ама онаа униформираност кај нас, искрено, многу ми иде на живци Ете, од кај да знам може и мене ќе ме видите во анимал принт парче иако се заколнав дека јас со животинскиве шари нема да се дружиме. А ко за беља несакајќи едно такво парче веќе имам во мојата гардероба. Ама жими Богот на кошулите никад више нема да облечам такво нешто! Јас ви кажувам!
Тренерки и штикли! Бљаааак! Баш како оваа Јелена од ВИП Преживеан тренерки, пуш ап на видик, божем луксузен накит и штикла.
- циганарии! знаеш дека има циганки кои се облекуваат многу подоброо од некои македонки.а и вакви циганки досега не сум видела во Македонија така облечени,темата е со не би облекле?а не-кој носи вакви алишта дајте ве молам мислам не е фер и они се луге
Мислев на тоа што го напиша Секси лејди.Росонерка душо не се навредив јас,туку треба да знаме што и како пишуваме,позз до сите..
http://www.funzu.com/index.php/Crazy-pi ... 32011.html Не знам на што мислеле луѓево кога ги правеле.
Штикла шпиц. Sвонарки. Крзно. Балетанки. Маици со огромни натписи напред со името на марката, ко подвижна реклама да сум (освен маичките на најк и адидас кои ми се преслатки за возење ролери, трчање)....а уште помалку пак фејк производи со натписи од типот на LV ташна. Патика - штикла. Тексас со тексас. ....и еден куп други ставри и комбинации што не ми текнуваат во моментов
Зошто да не би ја облекла комбинацијата штикли и фармерки?Мене баш добро ми изгледаат тесни и убави фармерки со салонки
И мене исто ми се допаѓа фармерка со штикла, поточно многу ми е убаво...Ама ако се задржи на само на фармерка.На пример комбинацијата тренерка-штикла ми е многу проста и одвратна...