Па според Фемина, во тренд сезонава ќе бидат кратките пресечени блузи. Е тоа дефинитивно нема да го носам! Прво, стомачните мускули треба да ги затегнам ако воопшто планирам да носам, а второ ужано ме потсеќаат на 90-тите и не ми се допаѓаат. Не би облекла таква, не никогаш, ама наредниве 20 години со сигурност.
Бела шпиц лакована чизма Сатен свечен фустан без рамки, со дебели црни хулахопки, минатата недела бев на свадба и видов ваква брука
никогаш не би облекла ролка уфф ме гушат, исто не би облекла хулахопки на отворени сандали или нешто со тигрести мотиви тоа никогааш
никогаш не би облекла облека во разни бои на пример зелени панталони и портокалова маица е тоа не оде или рокерси дда се облечам нема шанси...... и патики со различна боја врвци-никако
Не би облекла долго здолниште, ухх аглии Ниту пак различни шари, енимал принт целосно или оние vintage како кондурчиња што се, грозните ии тоа. Немам некоја мн долга листа отприлика се би носела, секако ако е добро искомбинирано
Шалвари, длабоко деколте, мини сукња до газот, кожни пантолони, хеланки со кратка блуза, лаковани чизми, од оние кломпи-штикли, чизми над колена, межести хулахопки, блузи со гол стомак, нешто светни-угасни што е ( цело со светки и „ дијаманти“), проѕирни блузи, „ неспастрени“ блузи/маички од кои се гледаат прерамките од гадникот и целото деколте е на виделина, тигрест/зебрест дезен
Hикад не би облекла -винтиџ кондура уф едноставно преодвратни ми се, ко за баба! прегрдо нешто! - некој ефтин LOOK минич и такви тракатанци! -шпиц чевла, не ми е по вкус, па и цело Cкопје да носи а дури и цел свет, јас не би -Oблека од животни било да е кожа или крзно! - гол мев -фармерка со струк до папок
Облека со животински принтови- Бљакк! Крзно-Ужасна е помислата да носиш некое мртво животно на себе не мора да си некој голем обожавател на животни за ова... Прекратки здолништа-Колку простачки ми се. Облека со циркони и триста кинџурии -Толку просто ми изгледаат и неженствено
Енимал принт, кожни алишта или облека од крзно. Се згрозувам од помислата како некое животно било малтретирано за некој да го носи неговото крзно или кожа.
бели штикли посебно шпиц ууу не нема шанси, гол стомак или оние патики на штикла леллеее нема шанси или кратка сукњичка ефтино што изгледа
Обично никогаш не викам никогаш.Како што се менува модата така се менува и моето мислење за облеката. Нешто што некогаш не сум можела да замислам, после тоа многу ми се допаднало! Во времето кога се носеа ѕвонарки не можев да се замислам во слим фармерки! Во времето кога се носеа голи стомаци , не сум ни помислувала дека некогаш ќе носам долги туники. Имало и времиња кога дречливите, неонски бои како флуоресцентна зелена, жолта, портокалова не сум можела да ги смислам, а сепак едно време беа многу популалрни па и нив ги носев. Хеланките едно време сосема ба изоставени, беше дури и срамота да се носат, ама еве сега пак се хит. Неможам да речам дека никогаш нема да облечам крзно, или кожа или незнам што... Единствено што беше модерно а не ми се допадна беа смкнатине панталони. Е тоа веќе ми беше ептен грдо зашто ме асоцира на машки, па ете , такви панталони нека бидат единствено нешто за што би кажала НИКОГАШ!