Гумени чизми,нешто со животински принтови(особено ми се гадни оние со леопардски ),шпиц штикла, миничи(не знам дали сум само јас,но мене ми делуваат ефтино и неженствено, нешто со многу циркони и оние крукчиња што светат, нешто со многу цветни декорации
Шпицести штикли, проѕирна маичка, длабоко деколте, гумени чизми, шалвари, и било какви чизми кои се длабоки (како на сликата). НИКОГАШ!
Kratki maicki,salvari,mini,rozovi fustancina,procirni alista,spic,krzno od leopard,nesto so mnogu svetki,nekoi alista sto se iskombenirano rozovo i crveno,siroki farmerki,blusi na 1 preramka,corapi do kolena , [mod-kirilica:1vwlpiuu][/mod-kirilica:1vwlpiuu]
мрежести хулахопки, кратка маичка , сатенско тесно фустанче , длабоко деколте и штикли со отворени прсти како и екстремно високи на висока платформа
-Животински принтови; тигри, леопарди, жирафи и остали џунгла - дезени. Можеби само марама или каиш ситно леопардско, убаво разбива црно-бело, иако не поседувам ништо вакво. Или овде пр. каишот е топ. -Оксфордки/моцартки/не знам трето име, ниски се и мушки се за мој стил. И римјанки не обичам, шутми. Балетанки од друга страна да. -Карнери (имам само едно кошулче со два карнера, но е е посебен случај и не спаѓа у групата цветна градина околу врат на кошулата). -Низок струк фармерки и пантолони. Гејски ми се и немаат допирна точка со женското тело, и редовно се колам со продавачки кога ќе ме убедуваат дека се модерни. Петнаес години се модерни на петнаес години не ги носам. Плус никој не знае да ги погоди, на сите им се гледа задникот кога ќе седнат и се излеваат од сите страни. Не узврат, но доволно високи носам. -Туники, шалвари, нитни... -Издрпани фармерки/хеланки, ко од арена да сум излегла па ме јаделе лавови. Или шарени хеланки ко пантолони носење. -Маица на прерамки или кратки врз ролка или маица на долги. Еј врв. Светките ги испљукавте, и јас не би носела златно да л`шти пример, но вакво нешто за на џинс за навечер ми е убаво. Од друга страна, секој втор пост деколте... Не верувам дека има девојка што барем еднаш не сакала или не облекла нешто подотворено, синкир градов во ролки шета. Понекогаш ако се осеќам соодветно, да. И ако веќе се одголувам горе, се покривам долу и обратно. Штикли на платформа обожавам. Хулахопки мрежасти се уберженствена работа, не знам зашо одма на проститутка се помислува. Кој не знае како да ги склопи и носи, океј. На сукња со висок струк прејако стојат. Од останато, сарми на глава, вештачка бугарска локна, пластични цветови у коса... Плава сенка, кафена пудра плус уште покафен/помаранџаст руж, молив надвор од линија на усни, чкарт веѓи...
Кломпи, гумени чизми, шпицасти чевли, минич со тигарски/леопардски принт, сарма на глава, турбан, шубара, бунда, шалвари,каиши излитени што личат ко да си ги џвакала....
шпиц штикли,ѕвонести фармерки,широко фармерки,што и да било со тигрест-зебрест принт,облека од сатен(мн мразам),фустани до земја,сукња до колена....др не ми текнува
Шпиц штикли, нешто со животински принт, шалвари. Потоа не би облекла ништо во панк, рок и сличен стил. Фустан толку краток! Потоа овие патика-штикла незнам како се викаат Турбан
сатен никогаш шпицести чевли широка фармерка блузи или фустани со светки такви новогодишни и др др не ми текнува у моментов
од оние шалварите што се носеа лани, незнам сеа дали се носат никако не можам да се замислам во нив, долга сукња значи до глужд, фустан долг да, сукња јок не ми се свиѓа , гумени чизми исто не би, а да не ми се допаѓаат оние сандала- чизма и исто не разбирам штикли за на факс под штикли тука мислам на оние како за вечерно излегување во диско, може да пројдат некои поедноставни нискички или со би рекол брат ми културни , тоа друго не ми текнува сеа
Бунда и облека од вистинска кожа, ете тоа не можам едноставно. А морам да признаам дека имам една кожна ташна и кожен новчаник, подароци за матура. Ташната ми е омилена, а новчаникот го носам секогаш. Ама ете облека од животинско потекло на мене не можам.
Дефинитивно нешто што е со енимал принт или пак нешто кожно ( се мисли на облека како на пример панталони ,сукни...), мартинки ( во ред е да се носат доколку сакаш ама да ги носиш во сите годишни времиња тоа не сум видела уште),