Искрено не ги сакам ни јас, но само за подсетување: - пред 3-4 год. шпицастите кондури беа хит - ѕвонарките како моден хит восхреснуваат на секои 4-5 год - ние сме како народ (повеќето, чест на исклучоците) модно подводливи и го прифаќаме тоа што ни се сервира така да - никогаш не вели никогаш
Eх.....типично македонско менталитетче. Епа вака,шпицот се враќа на голема врата на мода по светов,ама како по обичај и за се,кај нас касни.А ние сме до толку модно несигурни и креативно ограничени за да носиме нешто поинакво од она што го носи секоја втора.И за сите што напишале дека никогаш нема да носат шпиц,убедена сум дека ќе го носат(не мора да бидат златни или сребрени или па вакви ни чевли ни патики,кои најнормалоно дека се грди,туку зборуваме за убави шпиц чевли) и ќе им бидат прубави кога по продавниците ќе провладуваат таквите модели. Јас би носела,има преубави модели шпиц.Еве за пример,искрено би сакала да верувам дека и други БИ СЕ ОСМЕЛИЛЕ носат.
^^ Renata77 мислам дека Karina8 зборува за оној долг шпиц.Тие модели што ги имаш ти ставено поготово Louboutin-ките се многу добри. Долг шпиц мразам и јас.Никогаш не би облекла кожна хеланка и било што во жолта боја и нешто што има циркони и шљокици
ОК.Јас не мислев на Karina8,мислев на голем дел од тие што постирале на темава обавезно ги спомнале шпиц чевлите.Тој пост беше последен па затоа го цитирав.
Да некој можеби,ама ако некој значи еден од илјада.Исто како што некој сега нема да ги носи оние со висока платформа и со штикла.
Јас дефинитивно ќе бидам една од тие. Одвратни ми се, стварно, ма колку сака нека се враќа мода, јас ова на нога нема шанси да го ставам. Ми делуваат многу бапски некако, а со шпицов богами би можело фино лепо да се задоволи некој Спојлер геј . и дефинитивно едно огромно НЕ, подобро боса да шетам. Башка, не ми е никако споредливо со ова: , ама ствар укуса, што е тука е. А, на ова се пресмеав, добра фора у секој случај.
Влечки лајнарки,светкави блузи фустани чевли,од горе до доле во дречливи бои,длабоко деклоте,блуза облечена како фустан,розева боја не ја поднесувам
Маички или чевли со таканаречените шљокици,или јас како си ги викам по мое шкрги! не се осеќам јас ако облечам такво нешто.
Рената ти ако си роб на модата, не мора да значи дека и другите се Модните гуруа секоја сезона креираат различни модни трендови, но не секој стил прилега на секоја жена. Не сум роб на модните трендови и не го менувам имиџот така лесно. Нормално дека следам што во тој период се носи, но никогаш не сум облекла нешто што ама воопшто не ми се допаѓа само затоа што е во тренд. Мислам првенствено ми е важно она што носам да ми се допаѓа и да ми стои, без разлика дали е во тренд. И сега немој да ми кажуваш ќе носите секако кога ќе биде во мода шпицот. Веќе имате слика за мене какви чевли ми се допаѓаат така да нема што повеќе да коментирам. Јас сум тип што не следи мода до крајност и по секоја можност да носам нешто што не ми одговара,но сепак носам тренди работи ако мене лично ми се свиѓаат... Ако тебе ти се допаѓа шпиц, не чекај да станат и кај нас моден хит..носи си ги уште сега Ама за другите немој да тврдиш дали ќе носат или не
ОК,гледам дека не се разбираме па не е многу паметно да се трудам и понатаму да објаснувам што сакав да кажам и ова ќе е последен пат да реплицирам на темава. За сите кои се лично засегнати од мојот коментар предлагам да препрочитаат дека постовите што го цитирав ги зедов само за пример,по случаен избор.Ниту ме интересира дали некој прати трендови или не,зборував генерално од она што го имам како впечаток за начинот на кој се размислува овде,на форумов,во градов,во државава...Една груба генерализација во која најнормално постојат исклучоци. Тоа е МОЕ мислење и како членка на форумов,како и сите други,имам право да го изразам,да одрекувам,да докажувам,да тврдам.Исто така и било кој овде може да пишува за мене дали сум роб на модата или не сум,дали слепо пратам трендов или не итн,тоа е само НЕЧИЕ мислење и ништо повеќе. Инаку,ограниченото размислување не е доблест.
Црни хеланки, кожни пантолони, кондури со долг шпиц, нешто со пердуви , римјанки, стартки патики, бели чизми, долга бунда до земја,чизми одоздола скрос рамни, ролки никакви( кожата од вратот па во висина на градите не ми трпи синтетски материјали, ми се појавуваат големи црвени кругови како попарена со врела вода), широки и долги фустани, парчиња облека со јака зелена, плава или кафеава боја, блузи со потпунки на рамењата како генерал некој и др...(Не ми текнува на све...)
Нешто со животнински принт, шпиц штикли, некои си кондури кафеави што повеќе ми изгледаат на машки отколку на женски, турбан, старки, бунда...