Тренерки во комбинација со кожна ташна, тренерки во комбинација со штикли, шпиц штикли унаказени со некој си енимал принт, кожни хеланки, бунди од природно крзно, онакви зимски јакни кои што кога ги облекуваш изгледаш како мечка симната од планина, ти качуваат 10 кг плус.. Не знам, доста работи има, ова сега прво ми текна.
Фустани накитени со циркони или ''дијаманти'' , минич сукни до под гас со чипка хулахопки, алишта со тигреста боја особено оние тигрести хеланки што ги носат широки фармерки со џебови и траперкии, оние капчиња што се како за рибар и блузичиња на кимони над боди или некоја близа со долги ракави
Углавном мразам црвена боја. Немам ништо црвено во шкафот,ако ви се верува баш ништо,така да се што доаѓа под црвено,не би облекла никогаш. Освен можеби штикли би носела,но и тоа ми е сомнително. Никогаш не би облекла шпицести штикли или што и да е шпицесто. Никогаш не би облекла бели чизми. Ми се гади од самата помисла. Тигресто исто така. Некои кич бои,драч исто никогаш не би облекла. Балетанки не би облекла. Не сега со овој мој стил. Мразам ногата да ми е затворена така,освен ако не е сандалка штикла или патика. А,сега ми текна. Не би облекла од оние маиците на рамки,за лето,ама од дебелите рамки што имаат. Тоа не.
Сомотни пантолони, шпиц кондура, чизми на топук ко шо се носеа на времето од Scream.. не би облекла на пример жолти, портокалови, зелени пантолони/фармерки... не би облекла ништо со висок струк и не би облекла шушкавец тренерки... шалвари ќе допишам ако ми текне нешо плус
-Вистинско крзно Да сум некој фактор ,има да го забранам со закон + доживотна робија за прекршок! -Длабоко деколте. -Шалвари ,посебно оние целосни никако! -Шпиц чевли/чизми - без разлика колку се модерни. -Маички со девојки или групи. -Фармерка на пола газ. -Минич до пич. -Анимал принт. -Елек врз кошулка. -Сукна под колена. -Фустан со исечен страничен дел ,демек ,половинчето да се гледало (исклучително ефтино ми делува). -Мрежеста хулахопка (освен ако не планирам да ловам риби со нив ,ексик ) -Сукна врз хеланки. -Туника -Жешки панталончиња (може за низ дома ) Ај доста беше ,на крајот ќе излезе дека шетам гола