Koжените хеланки/панталони - кој како љуби да ги нарече, шпиц кондури/балетанки/чизми, карирани сукњички, ''женски'' вратоврски, мрежасти хулахопки, чевли на екстра-висока платформа ...
Летни чизми (убави се) али луѓе лето е, ЖЕШКО Е! Карирани пантолони, карирани сукњи Мрежести хулахопки...
Jaс ова не го можам , некако износено и излитено ми изгледаат па уште и насобрани. Посебно не на елегантни штикли ...
Ништо плететно. Узвратка. Мрежести хулахопки. Комбинезонки (од класичните ,не од овие модернизираниве ). Шпиц. Фустани и блузи со струкот под гради - ни трудна не би облекла! Чевли со панделки. Вистинско крзно - ни во лудило!
не би облекла ништо 1. дречаво(можеби само алка) 2.како што Ози рече тие болера 3.Наочари ТЕГЛИ. 4.плишани тренњерки, ама нништо плиш мразам 5.ѕвонарки 6.зелено плетено дреч елече (го добив како поклон од баба ми и го мрааазам) 7.никогаш,никогаш ама башникогаш не би ги облекла ови алишта или бои
Никогаш не би облекла нешто цело во шљокици или огледалциња, па да изгледам како подвижен лампион или диско топка. Никогаш не би облекла зимска јакна монтка или кратка чупава бундичка како болеро и не сум љубител на гумените чизми!
Јас лично никогаш не би облекла бели штикли/чизми. И бели панталони. Што се однесува на вториве, имав порано ама многу грдо се чувствував во нив, за мене бела боја само за маички и џемпери.. И апостолки. Господ знае само колку имам фобија од нив. Не би облекла и ептен тесни дреч маички, од полиестер. Погрд материјал, амин. И секако, големо не за светкави материјали и слично на нив.. едит: И ролки никако!!
Крзно значи Никогаш ! ептем грдо мие кога ке видам декоја така облечена широки фармерки шпиц кондури гумени чизми за на прошетка мрежести хулахопки свила најглупаво се чувствувам ако имам свила на мене дефинитивно !
Од бои РОЗЕВО, портокалово и жолто НИКОГАШ! Крзно Маичка со гол стомак Шпиц штикли Суќња (посебно не кратка-минич) Ѕвонарки Фармерки (панталони) со висок струк Ролка Облека (било кое парче) цело со шљокици, циркони итн Тексас јакна Шарени долги фустани Само хеланки без ништо да го покрива задникот (-.-) Силиконски прерамки Преедолги јакни, капути Сомотски панталони иии ako ми текне уште нешто ќе додадам
Енимал принт мразам а исто така и маичка на гол стомак или од тие големите светкави каишеви што блескаат на сонце . Исто така никогаш не би облекла се што носат грандовските певаљки.
Шпиц кондури,широки фармерки т.н ѕвонарки, фармерки/панталони со висок струк,премногу бои на едно место и никако неможам да се замислам во долг фустан.
xaxa ова не ти се допаѓа? иначе никогаш нема да се шетам низ град по старки, незнам ни зошто воопшто се произведуваат, толку неудобна патика немам видено