никогаш не би облекла: хеланки со кратка маица (без да биде покриен задникот) мини сукња од кратка пократка - да неможам да мрднам и да личам како ***ва тексес јакна (можеби доколку дојде таква мода да) долги јакни и капути чорапи до колена (како баба ми што носи) гумени или летни чизми шалварисо споени ногавици мрежасти чорапи сомот панталони или ѕвонасти сигурно има уште нешто , но ова моментално се работите на кои можѓам да се сетам што никогаш не би ги облекла
Никогаш не би облекла алишта со животински принт ,кломпи, хеланки со кратка маица долги јакни и капути чорапи до колена мрежасти чорапи сомот панталони или ѕвонасти
Балетанки. Kill me, but I'd never.. Впрочем, ништо ниско. Шпиц чевли. Какви и да се, не доаѓа во превид. Некое парче преплавено со т.н. шљокици. Spoiler Мрежасти чорапи. Крокодилска/змиска кожа.. ништо од влекачи, ниту пак таков принт. Макси-фустан. Мартинки, било што готик. Кошула/ панталони со цветен принт. Ако не па да и го земам комбинезонот на баба ми. Потпунки на рамениците. Гумени чизми.
Сноуу Куин се сложувам со тебе Ако набројувам треба да ги набројам истите работи кои што ти си ги набројала Ист вкус имаме Spoiler Членката пид тебе дефинитивно го копирала твоето мислење
Никогаш во живот нема да носам цветни шалвари... Може теники залепени цветни фармерки ама шалвари цветни ! Или ова
Хеланки на кратка блуза- најмногу мразам растресени газови. Леле мори МАЈКО! А има многу девојки што носат така, за жал. Не би облекла чизми и тренерки - џипси комбинација Онакви фармерки какви што објавила Heelslover
Шпиц кондура ускладена со секси минич и шпицасти обувки воопшто. Ролка + мала четвртаста марама како детал. Не би носела турбан како моден детал, барем не ми изгледа убаво ставен во мојата коса. Не би носела ниту "високи штикли и црни (или било какви високи) чорапи", одбивна ми е таквата комбинација.
-шалвари -штикла шпиц -маица над папок -доколенки на суќња -прекратка суќња -мрежеста чорапа -тренерки и чизми -фустани завеси xD
Никогаш, ама бач никогаш не би облекла шпиц!!! не би облекла енимл принт, кобинација црна сукња+бела чизма, или обратно, нешто такво, мрежеста чорапа и сл
Тигресто ни под разно! Може има и убави комбинации, ама после се што сум се изнагледала низ град, одвратно ми е. Исто така, чудни ми се комбинациите на блузи/хаљини кај кои еден дел се сатен,друг дел памучен.
Дури ни вака не би ги облекле шпицестите? Јас да.Елегантно ми изгледаат вака и секси. Иначе не би облекла и чизми многу над колено пошто сум пониска.