маичка со гол стомак, чевли со шпиц, било што со животински принт, светкави, болероата како што ги опиша оззи, само ќе ги додадам и истите таквите со долги ракави ( само на раменици ), многу шарени работи, и не ми текнува сега други
се тоа што пиша кикето и плус не би облекла ѕвонарки оние ептен широкине ... и не би облекла нешто што е направено од животни .
Никогаш не би облека шалвари, шпицасти потпетици, дречлива и светкава облека, облека или чевли со животински принт, хулахопки со цветен дизајн, жолта боја.. па тоа би требало да биде се!
Никогаш не би облекла шалвари,мрежести или шарени хулахопки,хеланки,мини сукња,болера,маички со натписи или пак со некаква илустрација,шпиц штикли,облека со дречливи бои,толку сега за сега ми текнува,па ќе си допишам пак на темава
Никогаш не би облекла кожни пантолони. Мене воопшто не ми се секси, а богами ни удобни. Вистинско крзно - никако, а и не сум баш обожавател на балетанки. Имам само два пара кои стојат во шкаф и никогаш повеќе нема да ги облечам. Не би облекла и некои светлуцави парчиња облека со стотици циркони, шљокици и што уште не. А облеката со такви некои леопардови, зебрести, или тигрести принтови ми е одвратна!
крзно... НИКОГАШ ко ке ми текни дека е од некое душиче ми доаѓа да ги натепам сите покондирани тикви што врз себе носат туѓа кожа, за демек да се во тренд!
Прво, анимал принт - НЕ! Јас- Тигресто?! Не! Тоа отпаѓа.. После, тие чизмите што беа во мода предходната зима ^ не!!!! Хулахопки, не! Од боите, не ограничувам се носам, дури и дреч со комбинација со црно. Кожни пантолони не. Фармерки или воопшто се со висок струк, не! Ролка, не! Каишеви со големи токи, никако! и ќе дополнам ако ми текне уште нешто
Скоро сите навеле ништо со животински принт а мене баш ми се допаѓа оваа сезона се врати во мода баш интересно е онака маички со принт обично најчест е оној на тигар до мене ли е што е мене баш ми се допаѓа
шалвари,чевли со милион шљокици,хеланки и кратка блуза,комбинација што истовремено открива и нозе и раце и длабоко деколте,топуци,штикла-папучи,кожни хеланки,различен накит(пример,црни менѓуши и бело ланче,ни во сон),широки кошули,широки фармерки,апостолки(само на плажа и никаде на друго место,посебно не со фармерки за низ град)...тоа ми текнува за сега
Вистинска кожа или крзно или пак панталони од било каква кожа,природна или вештачка.Премногу кратки и разголени комбинации,било што во портокалова боја,црвени чевли и ташна (ауууу колку ми е одвратна оваа комбинацијааааа...бљак ),бели чизми со црн патент,шпиц кондура.Премногу неусогласени бои (се шекнувам инаку,мене плакарот ми е нареден по посебен ред со боите,а не па на мене да ги ставам како ми дојде).Енимл принт во никој случај,освен марами ама да не се во типичната боја за животињата,туку некоја друга боја,на пример многу интересни ми се марамите леопард принт ама во сина,розева,жолта,зелена боја,ама тоа е само детал,цела маица,фустан или што и да е,ма нема шанси,одма ме асоцира на евтино,на певаљка,на не знам,неубаво.Елече со реси,она демек у каубојски стил,а гледам носат,бљак. Има,има доста работи,ама не ми текнува на се во моментов.