Никогаш не би облекла хеланки како панталони,без некоја туника,подолга маица... Панталони со ластик на ногавици,или шалвари,уф не поднесувам нешто да ме стиска таму долу... Панталони со низок струк,да ми ѕирка раздељакот отпозади... Блузи со деколте до папокот.... Сукњи или фустани со ултракратка должина... Презирам се што е направено од сатен...
Вакви - чорапи над колено или како и да се викаат. Воопшто не ми се секси мене, во најмала рака ми се глупи.
Нешто направено од убиено животно. (како на пр. лисица околу врат) Добро,јасно е дека веќе никој нема почит кон животните ама..... порано човек на човека му беше волк сега е обратно
Хулахопки и сандали нееее никогаш !!! Замислете вчера една госпоѓа видов со сандали на хулахопки ми изгледаше одвратно плус тоа надвор имаше 40 степени. Исто така не сакам шалвари за мене се едни од најужасните модни парчиња заедно со се што е со анимал принт.
Премногу светкави или натрупани работи. Некако онака,ми покажуват недостиг на стил. Едноставното,со правилна комбинација на материјали,бои,аксесоари може да биде многу по стилно,од некои таму премногу шарени,светкави или не ти знам какви работи.
шалвари и оцила-ролетнаhttp://media.onsugar.com/files/ons2/564/5641096/45_2009/9cee449ac74743e7_KanyeWestShutterGlasses.jpg