Јас не би облекла свечен унакажан фустан со светки, циркони, камења и такви светкави детали по него. Или пак општо некаков сребрен светкав додаток на фустанот. И таква чанта и сандали.
се е до вкусот и стилот...јас на пример никогаш не би можела да облечам ептен тесни фармерки со многу низок струк ако се поднаведнеш газот да ти зјае..и градбата на телото ја изобличува особено колковите..исто не би носела од оние широкине маици со гол стомак што се...бљак
Шпиц штикла, значи дефинитивно никогаш. хеланка светлуцава, Луи Витон ташна фејк или било која друга "марка" ,било што со циркони,светки
Не можам да ги смислам. Што е со ова чипкава? Слатко треба да е, што треба да е не знам, ама мене ми е одвратно.
1. Парчиња со/од чипка кои делуваат евтино (тенка е границата помеѓу елегантно и евтино кога се работи за чипка) ; 2. Шпиц чевла - без разлика што пак се враќаат во мода. Никој не може да ме убеди дека убава салонка со заоблен врв делува помалку елегантно од шпиц салонка; 3. Бели чевли од било каков вид: салонки, сандали, чизми, балетанки... Не ми се допаѓаат бели чевли и нема ни на сопствената свадба да носам, со сигурност; 4. Тигрест, зебрест, леопардов и сличен принт. Апсолутно во ниту едно парче не би ги вклопила, макар било тоа и ситница, како марама на пример. А па не дај Боже чевли со таков дезен ; 5. Прекратки пантолончиња или сукња од кои ѕирка задникот, бидејќи ми делува крајно евтино, макар имала и гром тело; 6. Сандала-чизма, од оние со отворени прсти напред, а високи до глужд или колена, како чизма ; 7. Сатенски фустан и сатен воопшто ; 8. Премногу светкаво парче облека.
...никогаш не би облекла тоа што не ми стои или во нешто во што изгледам грозно или смешно... пред да излезам од дома секогаш се погледнувам во огледало,на што личам...хахаха/...ако тоа што ќе го видам е добро,е тогаш ок,а ако не е,одма го заборавам или го поклонувам на други....обично не купувам било што ама понекогаш ете ме мрзи да пробам во продавница или на пазар,и ќе го купам стварчето .....ми се има слушено и тоа...неколку пати..
Всушност, сите овде велиме - никогаш не би облекле шпиц, леопард блуза/палто (или било што слично), кожни блузи/фустани/сукњи. Океј. Ама, јас велам, никогаш не би го облекла она кое сметам дека не ми стои. Колку и да е убава една маица, ако е тесна (прилепена за телото) нема да ја носам. И не сакам ептен припиени фустани. Да се разбереме не мислам на тесно туку на припиено за телото, а гледам многу такви од мојата генерација (што е за жалење) кои така се облекуваат и тоа за обична саботна вечер. Остај другото, мене ми е срам таква да излезам бе. И што личело и што не личело. Така да некогаш и фустанот кој мислевте дека никогаш нема да го носите, и шпиц штиклите на мама од пред 20 години можат да изгледат убаво на некој и во некоја комбинација. *сума-сумарум - не би облекла нешто кое што не ми личи, односно е претесно и прекратко (оти има разлика од тесно и претесно/кратко и прекратко, нели?)
Ролка! Не би облекла од причина што неможам да ги поднесам, ме гушат и ми го стегаат вратот, глупаво ми изгледаат во комбинации, премногу се тесни, а јас си сакам комоција. Зборам за обичнине памучни ролки што ги има на секој чекор. Не бре неможам да поднесам да ме стега нешто околу врат, поглупа работа од ролка не постои. Како џемпер - ролка носам и разбирам не се толку стегнати во вратот баш има простор да дишиш на раат и опуштени се као крагњи, ама ролката е ужас! Мразам ролки!