Не знам зошто толкава одбивност кон шпиц чевлите ? Различни се од ’поранешните’ шпиц. Вакви на пример и јас не би носела Ама вакви: Ова ако не е убаво тогаш не знам што е. Меѓутоа секој си е со својот вкус. Јас никогаш не би ставила вакви А сум приметила ги носат на излегување...
ролка , нешто со животински принт страшно ме нервира и ракавици и капа (неможам да ги поднесам како да имам нешто вишок на мене)
Некое парче облека со премногу светки,UGG чизми,не би излегла само по кожни хеланки и кошула,премногу кратки пантоломчиња или пак фустан или блуза со еден ракав,предлабоко деколте.
Не би носела се што кога ќе го облечам гледам дека не ми одговара и ќе заборавев никогаш не би облекла шпиц штикли.
Ролка. Уф, се осеќам како некој да ме има фатено за врат и не ме пушта. Ме гуши. Нешто што има циркони на него или светки или апликација со девојка, Џенифер, Бијонсе. Сакам со светки, но не па цела блуза или фустанче. Ептен како лампион ќе бидам. Искинати фармерки. Може да имаат кончиња, ама така да има дупка - никогаш нема да носам. Чевли со доста изразен шпиц. Сакам со шпиц, но некој поблаг, не 10 цм шпицот напред. Блуза со голо стомаче. Колку и да е жешко, нема да носам таква. Траперки или пантолони со широко ногавици. Мислам секој момент ќе паднам, ќе се испокршам. Не.
Ролка и таперки и пластични ланчиња во изразито пастелни бои ! А и тие штиклите над моево мислење....
Сандали со отворени прсти и хулахопки, па уште и црвен лак на ноктите на нозете гледам ги носат некои, но мене ама баш ич не ми се допаѓа
https://encrypted-tbn1.gstatic.com/imag ... WS483NXPdg а и да не заборавам тренерки со боите на некое знаме