Не би ги облекла овие како некој штрумф во ногата, никаква елеганција. Ни вакви цигобојни мислам сите во патиките ќе ми гледаат Поготово не вакви штикли, обликот напред не е ни елегантен, ни ти ја истакнува ногата. Како некое дрво закачено. За матура сите беа вакви, само јас бев на скромни штикли, без платформиште. (едвај ги најдов) Спојлер И само да додадам уште нешто. Зависи за каков шпиц зборите. Мене шпицот ми крајно елегантна штикла, ми ја истакнува ногата. Ги обожавам!! На пример.. Или
Никогаш не би облекла вакви шалвари.. Не би облекла вакви големи крзна... Не би облекла вакви, а особно првите [imghttp://tocka.com.mk/images/content/sodrzina/cevli-trend-04.jpg][/img] Штикла стартки воопшто не ми се допаѓаат -Се работи сепак за вкус. На некого му се допаѓа на некого не
Бели чисми или бела јакна , вистинска бунда(може само вештачка), обувка со шпиц, шалвари, блуза со која ќе ми се гледа стомакот(не дека ми е голем али незнам, одвратно ми делува), штикла-патика, стартки.
Се имам претходно изјаснето во темава и одвреме навреме ја следам... Гледам многу од феминките никогаш не би облекле шпиц, траперки (ѕвонарки) ќе ве видам сите за некое време како ќе ги носите, како и се друго останато... До вчера немаше никој да носи долга сукња, сега сите ја носат, тие ригите црно-бели (до вчера беа лудачки или затворски) сега сите ги носат... итн... Утре сите ќе носиме шпиц и ѕвонарки кој од ќеф кој за мода.... Немојте да ме сватите погрешно. Поздрав. Морав да редактирам Никогаш не вели никогаш!
Сум носела шпиц, веројатно пак ќе дојде мода, пак би носела. Исто и ѕвонарки. Мислам дека никогаш не би носела минич. Не за друго, катастрофа ми стои, тоа знам...
Никогаш не би облекла од онија памучните фустани горе широки доле тесни , најлесто со долги ракави или 3/4 , мислам дека секоја сељанка што ја познавам има таков кој го носи со или без подолел каиш, а некои се набрчкани во долниот дел(најчесто за викенд , кафана е наменет ) и пластичен накит ,патем мразам од оние бисерине пластични , не би облекла ни ооние како туники не знам каков точнo материјал , како ролки се доле со како подебела трака , со кратки ракави или долги и некој крут каиш зашиен на туниката , и оние ракавите и болерата не ги можам многу многу , шалварите што секоја 2 ра ги носеше оние цветни со каиш ластик кафеав на нив , штиклите салонки посебно црни од евтин скај со оние дебели ремчиња ( не сфаќам зошто толку ги носеа кога за истите пари има 1000 пати поубави) , памучни тенки маици со девојки на нив или натписи(алергична сум на love и style или rock girl) на кои патем има и шљокици и стварно обожавам анимал принт ама не оној што изгледа ефтино , кафеав па уште на некое тенко памучно набрчкано фустанче со таков принт... лошо
^ Од понатамошен и посоодветен коментар во мој стил (за кој речиси сите се изјаснаа дека бил зајадлив иако знаат дека вистината боли) ќе се воздржам. Ама на едно не можам да одолеам: ти многу „скапа“ бре... _______________________________________________ И јас одамна му ја мислам да искоментирам во темата. Значи, моментот е дека и јас не сфаќам како може некој да носи нешто, но не навредувам. Исто како што и ним им е дозволено да се чудат на моите комбинации, но не и да навредуваат. Смешни ми се оние фустани кои беа модерни до пред некое време што личеа на балони: широко, широко и веднаш лента која наеднаш се стеснува, а притоа фустанот е мини и изгледа нешто слично како на сликиве иако тоа што го имам видувано изгледало далеку полошо Спојлер Ова особено но пошироко За ова не би сакала да давам причина за тоа „зошто не ми се допаѓа“. Една слика е доволна. Никогаш не сум носела, никогаш не ме привлекувало и од траа причина и нема да го облечам Спојлер Има уште ама доста е за сега.
хахахаха морав да си се посмеам, истово фустанче го имам само во друга боја И јас не сум фан на фустаниве како балони што се, ама ова баш ми се свиѓаше, го имам веќе неколку години и често си го носам. Да не бидам офф топик, ме потсети еден пост погоре, НИКОГАШ не би облекла шалвари! Колку сака нека се во мода, како покакана не сакам да одам За други работи можеби би попуштила...
Никогаш не би облекла нешто што не ми стои, па колку што сака нека е во мода. И се чудам на луѓе што по секоја цена ја следат модата, дури и ако изгледаат како кловн или не личат на ништо...битно се облечени по псоледна мода. Не велам ништо околу тоа што никогаш не би облекла, затоа што ако најдам нешто што ми се допаѓа и што ми стои убаво ќе го облечам зошто да не. Инаку кремовите шпиц чевли што беа поставени погоре мене ми се ај да не претервам, ама едни од најубавите чевли што сум ги видела. Многу убави и многу елегантни. Најчестите парчиња што се спомнати погоре можат да изгледаат и тоа како убаво и елегантно. Погледнете ја колекцијата на Ели Сааб со ѕвонарките. Погледнете Лобутинки со шпиц итн. Инаку јас лично мислам дека не би облекла маичка со голо стомаче, едноставно мислам дека воопшто не изгледа убаво на девојка или жена. На малечки дечиња да, ама жена со голо стомаче не...колку и да има добро тело, исто така не сакам премногу кратки фустани и сукњи, уште па и тесни...
Spidy твоево сепак добро изгледа и не е толку широко ниту пак претесно на крајот. И да се дообјаснам, мислев за оние премногу широки и веднаш некој ластик ги притегнува. Таман уште да се наполнат со хелиум и да полетаат. Си има погоре и слики
Ако се однесуваше тоа на мене , не ми беше намерата никого да навредам,ниту да потценам , затоа и нагласив дека тоа евтино и кај салонките и кај принтот сум го употребила за тоа како ми изгледа,а не колку чини , конкретно принтот ме потсеќа на стилот на кафанските певаљки , кои не значи дека многу евтино го купиле , едноставно таков впечаток остава .