се разбира хеланки со црно бели линии божеее одвратни ми се исто така све што е сатен све мразам по кич нешто амин...
Анимал принт. Сатенски кошули и фустани. Кломпи. Пластичен накит. Краток фустан припиен за телото. Ништо што е светкаво.
Никогаш не би облекла некој сатенски фустан а одозгора (за да биде потрагичен целиот изглед) накитен со оние светкави камења.. страшно!
Хеланки - ма било да се црни, бели, тигрести, мачкести или назнам какви не ги сакам воопшто. Немам ништо против оние кои ги носат под услов да им стојат добро а не да бидат провиснати од сите страни. Облека со американско знаме - немам ништо против Америка но што мода ќе беше секоја да има блуза со знаме, костим за капење со знаме и тн... Пантолони со висок струк скоро до под градите - нова мода што неможам да ја смислам и како што имам забележано ретко на која и прилегаат. Штикла 15ка (мислам многу високи штикли) - на ова сигурно ќе се чудите но не ги сакам воопшто. Ко прво ќе бидам превисока (бидејќи и онака сум висока) а и не гледам причина зошто да се мачам и да ме болат нозете кога можам да носам нешто поудобно. И да, не носете штикли ако незнаете добро да одите со нив бидејќи е ненормално грдо ко ќе видите девојка која оди како да гази на јајца.
Чорапчињава Многу жени и девојки гледам ги носат на балетанки. Мене лично многу грдо ми изгледа бидејќи обично излегуваат надвор од обувката. Убаво средена жена, а дозволила чорапчево како вири од балетанката. Една дури видов на отворени сандали на штикла ги носеше. Што ли мислат жениве, дека не се приметуваат ли? Никогаш не би ги носела.