Исто и јас, во никој случај. Од друго нешто посебно немам аверзија, се доколку не е невкусно или ку*винско, со извинение.
Некои ептен отворени маички, или прекратки миничи Исто и вакви сандали од Walkmax. Тетка ми ги има, удобни се за одење, ама ептен грдо стојат Бљак
Сукња! Многу ги мразам и мислам дека се за шмизлиња... А, посебно па на моја возраст (13) ќе изгледам како некоја прчла. Неможеш да се забавуваш од сукњите. Те ти се лепат за гз, те ќе ти се крене, правиш ѕвезда и хоп ете ги гакичките! Неудобно се чувствувам и многу девојчиња се избрукале поради нив...
хулахопки мрежасти, оние летни чизми, изваден градникот на изволте кога се носи рамбовка, бог да чува нека ги наместат прерамките во вид на Х-буквата никој немора да гледа каков модел на градник носиш,шпиц штикли, некои премногу дречливи шминки, премногу куси маички, пантолони опнати до уши пичната линија да ти се познава(се извинојме на изразот ама сакав да го доловам убаво изгледот), не би облекла фустан или маица со предлабоко деколте...итн итн др не ми текнуваат.
Прозирниве чизми.Ужас над ужасите.И баш кога ке помислам дека неможат да измислат нешто полошо во поглед на обувките,оп изненаџење. И тек како можело.
Не знам која е поентата да носиш чизми со отворени прсти. Кога можам да ги носам? Во зима да ми смрзнат нозете или лете да ми се сварат нозете во нив