Значи колку сака нека е модерно, чорапи со високи штикли и тоа отворени ? НИКОГАШ.. а и овие кожните цели комбилизони, фустанчиња, пантолони и се од скај шо е ... толку „ефтино“ ми изгледат, како проститутка би се осеќала ми се чини, не иди во предвид никогаш ..
Пишував веќе на оваа тема, но сега ми текнаа и други. Шалвари, „летни чизми“, идиотски комбинации како горен дел тренерка и мини здолниште, дебели чорапи и сандали, Понатаму, плишани тренерки, секакви глупости натрупани со светки, шарени хеланки... И оние кои ги спомнав во претходното мислење, комбинезони и штикли со платформи и било каков животински принт (уште малку и крава принт ќе измислат.
Од обувки.. (по мое долна мода) не би облекла сандали.. хулахопки, мрежести чорапи или шарени чорапи (бљак) Не носам ништо што е буквално залепено до тело и кратки маички. Болеро, комбинација џемпер и маица, марами дефинитивно не.. За бои немам нешто конкретно.. иако мразам светлечки како неон боите.. тоа би било
Пончо, шалвари у комбинација со САКО, отворени peep toe кондури и шарени чорапи ..на пример со ружички , оние апостолкине како чизми што се...летни чизми...патики со високи потпетици..ах да..и Сако со обична шарена T-SHIRT...
Исто и јас не би ги носела тие работи. Една инфромација која сакам да ја споделам: наставничката по англиски има такви Walkmax сандали и ги носи со црни дебели чорапи. Не ме разбирајте погрешно, добра наставничка е, ноо стилот, .
Ваков шпиц не би носела никогаш! Грозен ми е! Нема ништо женствено. А вакоов шпиц би носела дефинитивно, многу изгледа елегантно и секси!
Не, никако... Посебно не вакви... Толку ми се грди, незнам зошто ги носат!! Еве и некои вакви, со грда штикла.
Вакви некои кошулки кои се закопчуваат до грло или пак со мали јакчиња и со некои штрасови на нив.... Ми изгледаат некако... калуѓерски..
Никогаш не би облекла шалвари, шпиц штикла, кломпи како тие на медицинските сестри (гледам некој и нив ги носи низ град ), тие кондурите што влегоа во мода, незнам кој ѓавол ги тера жените да ги купуваат, суќна до под колена , тие едноделните шалвари со корсет што се како пижами.. Има уште но не ми текнува сега