Никогаш не би облекла облека купена на пазар, доколку го напраам тоа се чувствувам како да ми го скрнави телото. Едноставно лошо се чувствувам во таа облека. Не дека некоја фалц, маичка неможе да изгледа добро, туку едноставно имам чувство дека сите околу мене знаат дека тоа парче е купено на пазар. А и се чувствувам ефтино, бидејки тоа што се продава по пазарите е всушност отпадокот, кој го купуваат нашиве роми на кило и ни ја продаваат тука. Што значи фактички тоа е губрето.
^ А во Евроазија некои мизерни маици на Бершка, колекции од пред сто години не се отпадокот? Јас никогаш не би ставила вистинско крзно на мене. Макар што и имитациите не ми се баш по ќеф.
Според тебе името ја прави маичката совршена?Па да,и така срамота е да кушуваш од пазар,круната ќе ти падне. Инаку јас не би облекла претерано шарена облека во една комбинација,не сакам да изгледам како виножито. И топуци не би облекла.
Шпиц штикли оние грдите шо се од времето на Тито,шалвари,УГГ чизми(ми изгледаат како шепи на мечка ),облека од сомот и сатен.
Балетанки, ugg чизми, шпиц чизми, хеланки никакви чак ни црни, ролки никакви (полуролка може), плава облека нема шанси, животински принтови на пантолони или суќни, додатни детаљи како цветови и сл... И во живот немам носено менѓуши и саат...И нема ни да носам...
Во моментот се сетив на овие три работи дека никогаш не би ги облекла. 1. Crop маичка, џемпер или дуксер. (кои се доста актуелни) 2. Плетен џемпер и плетена суќна кои одат како комплет. 3. Вакво Onesie или како се и да се вика сеедно.
А во певекс не ти е грдо ?? Во шутка?? Мислиш таму марка е ?? Мислиш дека во Македонија воопшто има марка облека што секој ќе си ја дозволи ?? Всушност ѓубре од облека нема, т.с има ама насекаде не само на пазар ѓубре има во луѓето кои премногу летаат. Инаку, никогаш не би облекла патики со штикла, од глава до пети оние животински принтови, кожни хеланки ...
Сандалки, балетанки со отворен прст(така некако ги викаја, де), сукњи, било какви штикли, предеколтирани блузички.. (за жал)
Комплети во безвезе боја,нешто жолто(пак уште ако е окер-жолто ),штикли со дебела штикла,шпиц,чевли со четвртаст врв,нешто чипкано,тесен фустан од ептен растеглив и лесен материјал(ме асоцира на некоја лесна женска со сите што оди),долга сукња,нешто со премногу анимал принт,оние топуците како коњски копита што се...друго не ми текнува сега.