Сега има да ме карате Ама пред се морам да си кажам дека се е со многу вкус Ги сакам хеланките , секакви кратки до колена,долги ...ми стојат , кога трчам низ парк редовно ги носам , навечер ги комбинирам со туника и високи потпетици Маичињата некои спотски лежерни не вулгарни со голо меше си ги сакам , само во лето секако знам да ги износам на добар џинс , имам пирс на папок и гордо го покажувам Анимал принт сум имала на себеси неколку пати , но повторувам со многу вкус и во мала доза , во периодот кога беше актуелен Да не бидам оф топик мразам шпиц обувки како и повеќето од вас
за вкусовите не се дискутира тоа знам...ама не се сложувам.црвената боја баш убаво стои, на пр.маичка со џинс, црвеното е знак на самодоверба, сензуалност...секоја девојка во црвено се чуствува секси... а не би облекла чевли шпиц ни јас, ни па сукња под колена...
Хеланки. Не ми стојат, и точка! Не ми стои ни жолта боја, ама ми се наоѓа по некое парче, чисто од инает Маички без прерамки и со гол стомак - после 2 деца, на крај памет не ми паѓа ниту едно од двете . Чевли со штикал 12цм. Никогаш не сум носела повеќе од 10, а и 10 ми е многу. Идеални на нога ми се 6-8 цм. И онака ме има, уште штикли 12-ка ми фалат... Чевли шпиц имам носено. Ич не ги сакам, ама едно време само такви имаше. А како имам плачено од нив, уф...
јас воопшто не ја сакам таа боја и затоа не би ја ни облекла.. а и мислам дека не ми стои добро(најверојарно затоа што мразам црвена боја)
уф, добро е не сум била само јас алергична на анимал принтови висок струк не поднесувам, тексас јакна, шпиц штикли, апостолки -па уте на штикла, металик материјали, принтови со фаци, кожни/скај мантили, природно крзно и кожа, црвена боја (па уште ако е лакована) , златно накинџурено исто така, потпунки, стартки-штикли (уште па шпиц), евтини матерјали, комбинации како (розево со црвено, портокалово со црвено, или жолто со црвено како нашето знаме ), тексас ташни као фармерка дизајн, капи начнати на глава ненавлечени, панталони со пеглани рабови , пластичен накит, ролетна цвикера и ѓаволски рогчиња што светкаат wtf? , само хеланки (без нешто да ми го покрива задникот), црвен кармин (сем на претстава), шарено со шарено или карирано со шарено комбинации ме излудуваат... неонски бои сакам -убаво усогласени, и шалвари обожавам.
Шпиц штикли, кломпи, ѕвонарки, тексас јакни, маички со гол стомак, „доџе-ми-да-вриснем“ комбинации т.е дреч зелена маица со розеви панталони, бунди, тексас сукња до под колена.. Како и повеќето од вас
Никогаш не би облекла било што, што има жолта боја , исто така хеланки и кратка маица, шарени фустани како пењоарот на мама , кожена јакна, фармерки со висок струк, дреч бои зелена и портокалова и што знам друго не ми текнува
Значи јас никогаш не би облекла црвено во комбинација со розево.Едноставно е-фуј!Истото се однесува и на виолетово едноставно има бои кои не идат заедно во комбинација и кога ќе видам некоја девојка така облечена ми се лоши.Аман луѓе 21 век е! Има милион модни списанија!
Патики со полна пета и има спомнато летно време шорцеви и одоздола хеланки до колена. . Фустанче залепено за мене со длабоко деколте и до под газот.
Бели или црвени чизми, маички со деколте до папок, кратки тесни фустанчиња што личат на маичка истегната до под газот, животински принт, кожни панталони и сукњи...
Некои дреч розеви, жолти, лилјакови панталони или маички сеедно, потоа бели шпиц чизми (многу ми се мизерни), големи деколтеа, премногу тесни панталони кога половината ѕврцка од нив , шалвари... Од накит златото ич не ми е по мерак, веројатно има уште само не ми текнува сега
Maички со огромни натписи и лога..Со светкави натписи и циркони итн. 3лато (жолто). шпиц бела штикла/чизма.. старки! најлон хеланки! буквално најлон! светат дури Панчо.. (нештото што личи на ќебе)
Јас никогаш ама баш никогаш не би облекла фармарки со висок струк,сукна до под колена ѕвонарки панталони,пинки розеви сандалки....Или некоја барби облека
се согласувам со мммамма никогаш не би облекла розево во комбинација со црвено .. не би облекла блузи со анимал принт ! ама стварно воопшто не ми е поимливо некои дебели девојчиња (не сакам да навредам никого ) се облекле во хеланки и кратки блузички .. не дека тие немаат право да го носат тоа, туку незнам како не им е срам цели да се оцртуват? на мене ми е малце срам, а тие немаат срам .. е тоа секогаш сум го приметила, тие подеелките секогаш носат нешто прилепено со кое цели се оцртуват , а тие слабите со малку стомаче се срамат
Редовната комбинација на комшивка ми Тренерка , или дукс во комбинација со џинс , свечана ташна и шпиц обувки ..чевли ..чизми