Никогаш не би облекла: мрежести хулахопки, хулахопки во боја, хеланки со анимал принт, хеланки до над / под колена, шалвари, претесни фармерки или панталони, прекратко / предолго здолниште, чевли со дебела или со мнооогу ниска, едвај 3 сантиметри штикла, исто и чевли со анимал принт, UGG чизми. Не сакам ништо што има принт змиска кожа Исто така не сакам и блузи со девојки, на пример со Ријана. Никогаш не би носела од тие синџирите за на глава, што се 'in' сега. Долга е листата, не ми текнува друго во моментов
Ниту во вакви комбинации? Spoiler Инаку до некаде и во право си, некои девојки многу погрешно го комбинираат (цел стомак надвор + спојлери ) и плус не стои на секоја. А тоа што велиш го носат за на вежбање е друг crop top спортски, уште се нарекува и спортски градник.
Никогаш не би облекла шалвари,хулахопки во боја, све што е цветно значи алергична сум на бузи со цветови на хеланки пантолони све што е со цветови оние блузи кои се актуелни во последно време до над папок што се носат,значи иако можам да се пофалам со убаво стегнат стомак вакво нешто никогаш не би облекла толку ми делуват уличарски, ефтино а и немат граници кои ги носи жива катастрофа,никош не би носела ни фустан со некакви циркони или некој камења исполепен едноставно жените не сваќат дека такви фустани се носеа пред 10 години ако ми текни нешто ќе при напишам
Шалвари Блузи или фустани како оние што ги продавата на пазар, шарени.. грди Фармерки со шарки ...инакуууу неможам а да не кажам.. најголема опсесија ми се шорцеви и кроп топ.. и converse ахх
Има работи кои сум ги носела, но знам дека повеќе нема никогаш да ги облечам. Фармерки со ептен низок струк. Топуци, чизми до под лист или до средина на лист. Шпиц салонки, им дадов неколку шанси ама не одат кај мене и не одат. Панталони 3/4, ултра кратки шорцеви, ултра кратки здолништа.
Шалвари, било какви чевли на полна пета, зебра хеланки, корсет над папок (многу невкусно ми изгледа), чизми над колена, било што во флуоросцентна боја, холахопки во боја, циркони, шљокици и сл, мрежести холахопки (местото им е во спална), кожен фустан... и се останато што постирале тие пред мене. P.S. Алал да ви е за сликите, како луда заразно се смеам во 1 саат навечер
Тигрести хеланки, маици со гол папок, зебрасти хеланки,хулахопки во боја...и едни од тие чизмите имаше ставено една членка погоре.