Многу работи се, на пример некоја комбинација горен дел црно бели риги, долу точки, а се тоа залиено со циклама сако на пример и зелен каиш, или некоја комбинација горе животински принт а доле цветови, јас незнам навистина како некои се нарекуваат себеси дизајнери...Не би облекла костим со машки крој, тоа секогаш ме упатува на доминантна жена која носи некаква демек, јака порака, као ја сум моќна а у ствари е несигурна у себе, страда, потоа, не би носела кратка, машка фризура а камо ли што знам, некој дел избричен, нели, потоа, се грозам од тетоважи особено на врат, лице, ме асоцира на жигосано добиточе...Не сакам многу шаренила на себе...така, тоа.
сатен, животински принт, шпиц чевли (знам дека се премодерни ама сеуште не можам да ги сварам), златни прстени со камен или циркон одозгора-како за веридба што се даваат, цветни шалвари, air max патики, хулахопки со сандали, гумени чизми, сваровски накит.... и еден друг тон работи кои не ми паѓаат на памет моментално
Патики на полна пета, хулахопки со бисерен отсјај, чизми над колена, високи чизми на штикла, летни чизми, сатенски фустан...
хм па мн работи.Но нешто најкатастрофално ми се летните чизми.Па потоа панталони тесни,памучни.Па незнаеш ниту дали се хеланки ниту пак панталони.Ми изгледаат мн ефтино.Се знае ако е панталона каков материјал треба да е ,а ако е хеланка барем да нема копчиња горе и џебови и сл. Бел капут или бела јакна,никогаш!А за клот бело сако да не ни зборам. Хулахопки со отсјај.Нема нешто по одвратно. И ред др работи ,што во моментот не ми текнуваат. А и исто да напоменам ужасно ме вади од такт кога ќе видам девојка поготово(ајде за машко и оправдано е) ,кога ќе се фати за едно нешто(парче облека) и тоа не го симнува од себе со месеци. Во ред ,не велам секој ден различно и различно да се носи,но сепак не ни мора една иста блуза или кошула или панталони пример секој ден по ред.Тоа е мое лично мислење само ,затоа што мразам монотонија ,а и сигурно тоа не и е единственото нешто во плакар па само тоа да го носи,или и е можда хм
Без навреда за девојките што ги носат, ама мене воопшто не ми се допаѓаат и никогаш не би облекла. и ѕвонарки исто така.
Шалвари летни чизми патики на платформа тигрест зебрест принт мрежести хулахопки маици/корсети над попок
Ме спаси да не барам слика, истооо ова е единствено што сум сигурна оти нема никогаш да го облечам. На ништо не личи, хеланка е права ствар.