*Маички со гол стомак (не за друго, стомак имам ) *Прекратки панталони *Панталони во неонска боја *Вистинско крзно *Мини фустан *Фустан што ептен го отцртува телото *Летни чизми *Балетанки
Како се оди на овие жити мајка? Изум на Jeffrey Campbell инаку, кој друг може ваков гломазен топук да смисли.
Бели чизми -мислам на оние до колено со штикла , сеедно дали се лаковани или кожени не би ги облекла.
Чипкасти минијатурни фустанчиња, маички, корсети.Не ми се допаѓаат воопшто ,многу ефтино и недолично ми изгледаат.А и воопшто било каков корсет. Хеланки со животински принт исто така. Огромни и масивни ланчиња . Вакви штикли и слични на овие, со голема платформа и премногу кич на нив. Фалсификати ташни, од познати марки, купаќи и ред др. работи.
Оние новите маички со реси. Секоја втора ги носи. Не знам што е толку убаво во нив, колку само грдо и недолично изгледаат.
Никогаш не би облекла ептен проѕирни хеланки, штикли со шлокици, патика со штикла-топук, нешто премногу тесно да се разлева сало од сите страни.
Црни хулахопки Танга Црно-белите хеланки Чипканите црвени(сини) фустани Папучи на чорапи Сето тоа мене ми изгледа многу сељачки или кич
Нешто во портокалова боја - ја мразам, исто и златната Патики на полна пета - бљак, тоа треба со закон да се забрани ако се прашувам јас Летни плетени чизми Вистинско крзно Светлуцаво било што Обувки кои не се во било која темна боја Сатен Оние златните ѓердани синџири што ги носи секоја втора... Ова се само неколку работи бидејќи не можам да се сетам, инаку списокот е многу подолг.
Рок стил со нитни и такви ми ти боцки! Овие свилениве карнер маички се дно дна! Новогодишна елка - не фала! Сандала или штикла на долг чорап -ужас! И ѕирка и проѕирка - баш фенси нема што Вакви балерински стил тулови и тркатанци ми е баш никакво. Тигрица принт да ми го платат ќе го соблечам во моментот. Кичови шљокици толумби сатени дијаманти и рубини се грозам од самата помисла. Страшна работа!
Баш овој модел го носеше една колешка на дипломската и го пробав чисто од љубопитност да видам дали ќе се чувствувам како да одам на прсти, но се изненадив, бидејќи беа многу удобни Инаку, овие десните баш ми се симпатични, ама и покрај тоа не сум 100% сигурна дали би ги облекла
Патики со полна пета, маички шо ги покриваат само градите и ништо друго , ѕвонарки ( пак се во мода ) , хеланки само по дома за излегување никако, мартинки невер итн .. сигурно има уште многу ама не ми текнува