Многу од трендовите кои ги воведе Ким Кардашијан низ годините се теткински и кичести. Можеби на неа не изгледаат така лошо, бидејќи во една комбинација вложува стотици илјади долари веројатно, ама овие што шетаат наоколу како нејзини изветвени копии... just no. Понатаму не станува збор за облека, ама од огромни вештачки нокти, вештачки трепки, контурирана фаца, омбре, сомбре - ми се гади, фуј.
- Тесна кошула во боја ( само бела ако морам ). - Било што со животински принт. - "Летни" плетени чизми. - Долга шарена сукња. - Патики со штикла. - Краток фустан што е широк надоле со тул - Од тие т.н. "болера" што се носеа едно време. - Било што со циркони.
Чорапи и сандалки! ХЈУУУУУЏ НОООООУ! Нека се во мода, јас не би. Кога ќе видам убава девојка со хулахопки тенки и сандалки ми се повраќа... Ако ти студи носи си салонки. Ако сакаш да не ти се гледа целулитот - вежбај или среди го, не ме интересира, ама не сакам да ти ги гледам прстите „завиткани“ во тенка хулахопка, било проѕирна или црна...
Фармерка - понекомотно нешто, здравје. Ем не можеш да мрднеш, ем во зима се ладни а во лето топли. Се знае што е убаво да се носи, формална облека - кошула + тренерка + патики. Тренерка е најдоброто нешто што може да постои во поглед на облека, пижама исто, ама тоа не се носи надвор.
Сериозен сум, јас така се облекувам скоро секогаш. Знам дека не е којзнае што, ама врши работа. Едино за посебни моменти може некоја посвечена тренерка да облечам, со една црта не со три и тоа е тоа.