Вакво нешто. Имам видено женски на плажа на базен со вакви црни без светки и тралалајки ама моделот ист и ептен грдо, ептен ептен. Не знам која е причината некој да се осуди да собере толкава храброст да облече вакво нешто можеби за височина да фати, ама мене и милиони да ми нудат 3 секунди да се качам на овие нема шанса не па да се појавам пред народ!
Balenciaga патики.Ни оригиналот не би ги облекла, а камоли пак овие фејковите што се продаваат кај нас. Ма ништо од таа модна куќа не би облекла(не дека може да си дозволам ама ај ).
Кожени панталони што се залепени и што изгледа дека ке испукаат мислам ако се од убава, квалитетна кожа да, а вакви од 500 денари никакоо изгледаат лошо.
Миничи уз тело припиени што ако мрднеш малце или се наведнеш све се гледа. Толку ми се кич и демоде, ме асоцираат на турбофолк '00 генерација пејачки. Мило ми е што гледам дека се помалку се носат веќе вакви фустани.
Градник со силиконски прерамки. Чевли со платформа. Од последните "трендови" вратени од 90тите Balenciaga патиките што ги носи секоја втора девојка, нели уште искомбинирани со високи бели чорапи...
Тренерки.Толку ми е неубаво кога ќе видам некој девојка облекла тренерки за на кфе или за низ град.За вежбање да ама за друго...