Плишани тренерки на кои стои натпис на задникот или некои шљокици на нив. Блузи/фустани кои имаат многу шљокици на нив или некои бисери или монистра, ептен ми е кич тоа. Оние еднобојнине костими, пример сако и пантолони, формални но во дреч портокалова или зелена боја. Тоа ми е контра од формално. Од глава до пети во принт, пример тигровско или зебровско. Кога ќе видам такви луѓе одма ги замислувам како дресираат диви животни. Она крзноно како шал што се става на вратот, или тако звани мртви лисици по врат, кај што недај боже, висат нозе, уста, опаш.. Ејјјј, најлошо ми е ова. Мини суќна што едвај ми го покрива задникот, а притоа на таа мрежести хулахопки.
Не знам како се вратија овие патики во мода. Не можам да ги замислам со ништо друго освен со низок струк цевка фармерки кај женско и смкнати широки фармерки кај машко, со еден збор - 2010.
Охоо имам многу да кажам на темава И сѐ што има вакви огромни платформи... Сѐ што има на сликава, од наочари до патики.Патиките се посебно грди а толку популарни.И педеркиве што ги натнуваат(или како и да се викаат).Шорцевине заедно со чорапите не можам да ги замислам надвор од спортска активност.За дускерот што личи на фустан исто така не. Парталчињава што треба дa ги наречеме crop tops. Тренерки што треба да глумат панталони?Па и дуксер?Не. Марамава што треба да претставува топ.И фармеркиве. Прешироки комплети во кои скроз се губи телото и личат како вреќи за компири. Цело ова и сличните комбинации и облеки. Понатаму, брендирана облека што вришти дека е брендирана со логоата и имињата на мегдан кои бодат очи. И за крај, секој продукт од fashionnova. Не ги ни коментирам нив. Доста се, има уште, ама ептен голем хејтер ќе испаднам.
Три-четврти пантолони, шалвари, од оние патикине со внатрешна платформа (штиклица) демек оптичка варка да изгледаш повисоко, балетанки на таква иста платформа што се стеснува надоле, кломпи..
Mum jeans, boyfriend jeans или како и да се викаат оние широки фармерки што завршуваат на глуждот. Им останувам верна на skinny jeans, тоа е тоа
Ваква шуш уз тело маица GUESS! Nike Air Force црни, ми се плаче од нив. Пред некоја година беа страшен тренд... и од овие ми солзат очите. Овие чудниве со патент ролки, маици, ма сВе!
Јас белите ги имав и кога идев ко шатка бев и ко скии да имав на нозе не патики шо знам зашто се огромни и ич не ги сакам ене ги ми стојат