Патика ли е, штикла ли е, сандала ли е, што ли е? Не би штикли на платформа, значи навистина не знам како одат со нив, а и не ми изгледаат убаво. Ништо од Фешн Нова и сличните на неа, животински принт, шалвари и ако ми текне уште нешто, ќе допишам.
Мене лично не ми се допаѓаат и никогаш не би облекла. За посекојдневни: ѕвонарки, високи патики, високите чизми што беа во тренд (не ми се убави), кожени панталони, животински принт, проѕирни чизми, ониe UGG чизмите, венче, светкави кондури, блузи и на нив лого на Тик Ток, сандала и хулахопка, минич во дреч боја.
Па не е темата Ријана. Јас си зборам за мене. Те и ѕвонарки на некој стојат, на мене не. Затоа никогаш не би облечела.
Ај тоа, се занел креаторот со " моделирањето" ама и 600 евра беа на страницата каде ги видов. Jac би ги облекла само ако ми ДАДАТ 600 евра, и тоа на кратко. Иначе , не носам миничи, ниту облека која е модерна а не ми стои. Ugg's носев една сезона пред доста години, тука модата покасно им помина но ми беа супер удобни. Како помлада носев доста работи уз тело, сега стреч ми е премногу за да се осеќам удобно. Никогаш не би облекла синтетика што смрди, лак облека или " пластифицирани" чуда во кои се вари телото или ногата. Сакам природни материјали последно време
Тигресто, зебрасто такви анимал принт Кратки пантолони гз надвор да ми излезе, како овие денес од 14 15 год што носат Нит сум облекла вакви чуда нит ќе облечам
Затворени обувки на боса нога. Има видено патики или некои машки кондури како луѓе носат на боса нога. Неќам да замислам како е кога ќе се испоти стапалото...Со чорапи, ќе дојдеш дома, миеш нозе и мењаш чорапи. Башка чорапите не пропуштаат толку за да се умириса обувката. И во лето пре би издржала чорепи и лесни патики отколку патики без чорапи.
Тренерки, апостолки, патики кои изгледаат како кондури, потпетици на платформа, пижами, гумени чизми, кратки пантолончиња, минич до пич, маички со деколте, проѕирни маички/кошули, тесни фустани/фустанчиња, светкава гардероба, искинати фармерки, карирана гардероба, тесни хеланки, маички со прерамки околу врат, маички без прерамки, пердувести и крзнени блузи, елечиња.
Никогаш не би облекла било што tie dye. Исто така, никогаш ама НИКОГАШ не би облекла од сандалине со отвор доволен за 2 прста максимум. Нешто слично на ова
Моментално се во тренд гледам и кај нас. Небитно кој ги носи, хорор се Зошто побогу некој би сакал вака да шљашти до вселената Како подвижен билборд се уште фали звучничиња прикачени на нив и музика да свири
Минич дефинитивно, само мое лично мислење. Па и општо ептен разволена облека. Инспирирана од погорните мислења да додадам и фармерки со низок струк, штикли на шпиц, пресветкави кондури (а може и облека), високи патики...