Корсети, хулахопки+сандали, прекуси сукни, болеро (и џемпери слични во нивен стил), прешарена облека (посебно кога се горен и долен дел искомбинирани со принт), облека со апликации, се' што има неонски бои.
Фармерките Носталгија ми се, немаше ден а да не се вратам од училиште вака ко свинче водена. Тешко на мајка ми со мене.
Допичњаци, било што тесно, кратко, вулгарно, со циркони, отворено деколте до папок... И ми дава претстава на евтин изглед, а и не сакам тесно зошто целиот живот сум малку пополничка. Деколте не сакам зошто имам големи гради и личи вулгарно кај мене навистина. Поширока облека подобро ми стои. Обеткиве. Нека не се навреди некој ако ги има, но многу ми беа кич и здосадени зошто на свадби, дипломски, матурски секоја трета еден период ги носеше.
Прекуси фармерки/панталони, фустани над колена, облека со циркони светликава облека, фармерки/панталони/силни со низок струк, чизми над колена, квадратни чевли/сандали, патики на потпетица или назад со штикла воедно со сребрени/златни/циркони/неонски детали, облека со неонски бои, сандали/чевли со полна пета високи потпетици на платформа, шноли со бисери, накит во сите бои одеднаш..
Оваа комбинација кога ќе ја видам кај женски не можам да ја сфатам, а и ептен грдо ми изгледа за на око
Темата е што никогаш вие не би облекле, не што не ви се допаѓа а и шала беше намерна изгледа, не недоразбирање.
Најпрво не би ги носел затоа што ептен се show off. Друго, на мажи стојат пресмешно. Посебно кога се комбинирани со тесни фармерки. Ick.