Сега ми текнува само на шалвари.Ми се свиѓа кога ќе видам кај некој друг..на некој му стои ама јас неможам никако да се замислам!
Има многу работи што не би ги облекла, но би ги издвоила : -тигресто (освен некои убави чевли ) -маичка со гол стомак -хеланки кои завршуваат под листовите на нозете, уште па ако имаат чипка -скај панталони, јакна или пак елече -многу бои и стилови измешани во исто време (освен за маскенбал) не ми е волкав списокот, ќе го дополнам
никогаш не би облекла: -маичка со гол стомак -шорцеви толку кратки што се гледа цел гз -гумени чизми (леле почнуваат сите да ги носат ) -оние фармерки што се спуштени во делот на препони (како со пелени делувам ) -хеланки со кратка маичка(па добро дали дебелите се гледаат во огледало?) и за крај ugg чизми--ууффф не можам да ги смислам. Како во полнет зајак да сум ги ставила нозете ххахахахахахаха
Никогаш не би облекла: * Маичка со гол стомак *Хеланки со кратка блуза *Шорцеви *Многу бои измешани *Скај пантолони *Пантолони со висок струг , или траперки *Штикли или чизми со шпиц *Чизми до колена или над колена *Фустанлче со длабоко деколте *Сако *Суќна да ти се гледа цел газ
ужас над ужасите!!! бтв кој неписмен пишал во шопинг не ми е јасно една статија без грешка не можат да ја напраат бре (на самата слика кога ја симнав пишуваше кога чудовиште оди во шопинг )
Вакви хеланки никогаш,ама баш и ништо да немам што да носам не би ги облекла овие...мрсни,мислиш зејтин има на нив,ги прават дебели нозите а и грозни се бре кога ги видам некој дебелки девојчиња кога ги носат.. Или вакви фустанчиња нешто во тој стил...
Долги сатенски фустани. Ни кратки сатенски не би облекла, ама долгите ми се ужасни. Греачи за нозете. Знам дека многу ги носат, и дека топлат. Ама на нозе нема никогаш да ставам. Не се мој стил, башка чудно ми изгледаат. Лампион маици. Кога ќе видам во дискотека девојка облечена во фустан или маица цела во шљокици се ежам. Болеро. Едноставно бљак. Осбено оние сатенските -теткинските.
Ајде веќе кога почнавте со смешните штикли да ви ги покажам јас моите `омилени` a oва е као практична обувка, може да ти биде папучка или за промена штикла или што и да е