Не сакам ништо сатенско. Посебно оние фустанине што денешниве девојки ги носат од 7мо одделение. Шпиц штикли, или чизми. НЕ! Не знам зошто сите сте против шалварите, ок, сите имаме свој вкус, меѓутоа многу се удобни и штосни, според мене. Животински принт не обожавам многу, но сестра ми е ЛУДА по такви парчиња, па нормално е и јас да носам нешто Не сум многу пребирлива во врска со облеката, го носам она што ми се допаѓа МЕНЕ. А сигурно некогаш ќе облечам нешто од горенаведеново, не се знае Поздрав
па никогаш не би облекла хеланки со кратка маичка не ми се допаѓа,бела чизма никако,ништо од сатен и ѕвонарки,тигрести работи како и шпицести кондури и мрежести блузи.
Не знам зошто, ама немам ништо жолто во шкафот ! Значи не обичам жолта боја, потоа не би облекла широка сукња, ич не ми стои, или пак сукња со колена-катастрофа! Друго горе-долу носам се.
не носам црвено.. не знам зошто не ми е убава бојата. Инаку сакам виолетова боја и имам многу виолетова облека а исто така сакам да носам сукни. Летото е најпогодно посебно за тексасна сукна
Крзно. Никогаш, ама баш никогаш нема да ставам нешто такво на мене, без разлика колку е модерно. Портокалово. Ја мразам оваа боја. Незнам зашто. Едноставно ми е премногу одбивна. Лаковани кондури.
-Крзно -Сатен -Анимал принт -Сандали -Од оние хеланките сиви, златни што светкат -Нешто златно -Дебели хулахопки под фармерки, боди и ролка ----НЕМОЖАМ , НЕМОЖАМ И НЕМОЖАМ ... Ме фаќа склет, ме чеша , се ежам
1.црвено ... мразам Детали да се како црвен лак обожавам, или црвено пликче а црвена облека никогаш. 2.шпиц чевли или чизми ... 3. кожни хеланки или сукни ... не ми текнува друго
-шпиц штикли -светлуцави хеланки -кармин по светол од мојата кожа(бљак) -крзно -капут на кој ми се гледаат само 30 сантиметри од нозете ахахахаха -цигански накит -жолти, портокалови шалови и капи -џемпер како школска униформа -.-' -сукња со карнери -римјанки -болеро -дреч бои на хулахопки -лаковани чизми (посебно такви над колено) и не ми текнува др.