Ние научивме да дуваме со усте изгледа знае дека му се ближе роденденот па да се повежба малку за дување на свејката
Деновиве немав време да пишам, а научивме многу работи. Завчера почна да си лази, убаво без да паѓа на нос Цела соба ја помина. Имаме еден дедо мраз што свири и игра и мм вчера и го пуштил и она почнала да игра со рачињата. Денес и велам ајде направи браво и таа почна да плеска со рачињата.
Ќерка ми доби подарок едно маче што пее, има музика и се врти и во дубак ( закочен) кога е, пробува душичка да се врти исто како мачето и не може, и ќе се изнервира и го бутка од дубакот. Прво мислев дека случајно така направи ама ја тестиравме и се згазивме од смеење.
Син ми од завчеρа таκа лежејќи почна да се κρева сам,дава κутρото напоρ да седи мало е уште, ама ете се боρиме многу е пρгав, и сам се вρти по неκолκу пати на стρана лева десна и ќе се измоρи,саκа и да го сκоκотκам на мешето паѓа од смеа
Моето одамна вика мњам,мњам кога јаде ама сега кога ќе виде некој кога јаде вика мњам, мњам.Завчера бевме во маркет да пазаруваме секако со него во количката и по некое време слушам мњам,мњам -детето си видело нешто што му се допаднало за јадење,најверојатно банани ги обожава
Да ги фрламе играчките зад кревет и да се правиме изнеадени . За Леа е голема авантура кога играчките ќе завршат зад креветот а мене пак страшно ме нервира кога треба да ги вадам
Научи да игра " куку, даа" со тато. Мм се крие под ќебе, а цуцкава го трга ќебето, се смешка и вика: Даааа.
Да си ги ставаме ноџињата во уста, да седиме под 90 степени 10-тина минутки и после се превртуваме на стомаче
Ај и јас да се пофалам што се има научено синко! (9 месеци) *Пау- пау - Да пукне *Аш немааа - Ги трља рачињата *Тапшин - Тапшин - Плеска со рачињата *Научи да прави, како што прават индијанците со раката и устата - Аааааа (Веројатно објаснив убаво) *Чуч - Чучнува (Во креветче стои и шета, а се придржува за оградичката па така и чучнува) *Бум-Бум - Се треска со грбот секогаш кога е потпрен на перница (Ова мм лошо го научи, утре од ѕид така ќе се тресне) *Папа - Со рачето прави папа *Ѕе - Се крие покриен со ќебе или перниче и на "Ѕе" ги трга и се смее *Пие вода звучно- Пиеме кафе и намерно го пиеме звучно, а потоа кога ќе му дадам филџанче со вода и тој истото го прави. Инаку од пред месец дена сам си се исправува (Потпирајќи се за перничиња) Шета во монтажно креветче, Се пушта на по некоја секунда, паѓа - сам си станува Многу ми е криво, ама одбива да поминува време легнат на подот (а јас толку многу сакам да лази) Плаче, сака да биде кај некого во раце, да оди или да стои во креветче.
Да игра криенка со братучед и. Таа во дубак, а тој и се крие по собиве и вика "Бебушке најди ме" и таа лета со дубакот и го бара и е пресреќна кога ќе го најде. Веќе имаме 10 месеци.
Ova od poodamna, so raceto si pravi brm brm brm na ustata a kako indijancite veke pravi mnogu odamno Nedela/2 pocna da mi pravi faci jas i se smeam na cel glas i ona se pravi deka se smee i gi zatvora ocinjata koga se smee demek mnogu smesno Me mazni i pravi ooooooh ooooooh ooooooooh
Седи на колена и рипа горе долу и плеска со рачињата. Пробува да оди држејќи се за масичката и си прави неколку чекори. И научи да плаче за надвор да оди. Обожава да е надвор.
Не ти е страв дека може да гризне поголемо парче? мене второ дете ми е, и пак сум плашлива, а душичка кога јаде брат и нешто шлапка со устата. Он топик: знае дека со даљинското се пуштаат цртаните и кога ќе и го исклучам тв се влече до даљинското (дека не знае да лази) и мафта со него во рацете и вика ееееее.