1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ново научивме денес?

Дискусија во 'Бебе' започната од НаталиЛили, 24 декември 2014.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Леле и мојата исто. Сега ми е интересна на лаптопов. Мм и вика, да не чепка па таа ги збира рачињата па го чека да тргне поглед и да притисне некаде. Па го гледа во очи и довикува како да се кара:D Срцушки мили
    Во однос на јадењето, и јас давам да грицка сама. И ставам на Земја еден прекривач па на неколку места и ставам, ресана, бисквита, тортица, ред чоколада... Се прави лом па секој ден фрлам по еден прекривач за перење ама битно се занимава. Дури и јаболко и морков и давам уште пред два месеци
     
    На TIGARCE86, girl-miri, ubavka1 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Ми беше страв, ама и се топат во уста.
    Јас секако ја надгледувам, не дај Боже, за лошото малку треба.
    А веќе имаме 7 забчиња и учи да грицка.
     
    На leona83 и anina им се допаѓа ова.
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    28.509
    :lol: Лаптопот и кај нас е омилена играчка. Штрака по него и прави вакво ^_^ задоволно фациче. И даваме стара тастатура да штрака по неа, ама не е будала детето да мава по копчињата а да не се појавува ништо на екранот (дека не е приклучена тастатурата) и вреска за да и дозволиме да го малтретира лаптопот.

    Инаку најново ни е тоа што заигруваме кога ќе ги слушнеме омилените песнички. Ја држи татко и во раце а јас ќе пуштам некоја од песничките кои секојдневно по 100 пати ги слушаме...и ете ја Леа започнува да игра :dance: .
    Некогаш јас започнувам да ги пејам и таа пак заигрува. Не е случајно, ги сака песничките.
    Исто правиме тоооц (глава со глава се ,,удираме,,) и покажуваме со раката по глава (демек одиме на чао), е сега ова последново со чаото го прави и кога треба и кога не треба (не ни е увежбано баш:$).
    Викаме мама, тата, баба (бабите од среќа кај и да е ќе снесат по некое јајце :wasntme: )
     
    На Umbrella22, TIGARCE86, Jagoda123 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Мене веќе рацеве почнаа да ми откажуваат. Што се научил синко да скока, абе буквално по цел ден. И најмногу сака врз мене да скока, на кревет не му е баш по мерак. :lol: Лом ме прави.

    Друго, кога ќе земе некој поголем предмет (на пр. кутија, сликовница, лап-топ...) ги превртува до бескрај, де од едната страна-де од другата. Сигурно мисли дека има безброј страни, а не само две. Лап топот прво го затвора ако е отворен и почнува да го врти.
     
    На Umbrella22, Jagoda123, galapce и 7 други им се допаѓа ова.
  5. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Да се пофалиме, официјално лазиме [​IMG]
     
    На Bajaderka, chocolade, Umbrella22 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Ние инаку научивме да се лутиме и караме на некој бебшки јазик ,со викање ааа ууу погласно и погласно кога нешто не ни е по ќеиф :D
     
    На chocolade, Umbrella22, girl-miri и 7 други им се допаѓа ова.
  7. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Ние пред месец дена откривме дека имаме куре и кога сме голки и кога се капеме ни е најинтересна играчка (facepalm)

    Пред недела дена научивме да вртиме со главата лево-десно. Не знам како не му се слошува, јас само кога покажувам се зашеметувам цела :drunk:
    Многу смешно мљацка со устата и со јазикот истовремено и обожава да не засмејува така, па повторува до бескрај...
     
    На chocolade, Umbrella22, buba4e89 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.661
    Пол:
    Женски
    За се вика Не Не :D јас и викам гладна си ?она вика не не,сакаш да спиеш -не не,ја сакаш мама -не не хаха
    Незнам од каде баш не да вика.
    Инаку се плази/криви со јазичето ,брмчи со устата.
    Кога ја прашувам каде е сликата,тато,светлото,дедо се врти одма кај што треба :)
    Ги става ножињата во уста
    И почна веке да се држи за нешто за да седне сама од лежечката позиција
     
    На chocolade, Umbrella22, girl-miri и 10 други им се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Koga mama i vika cekaj sega da te fatam cekaj :D a ona vika ne ne ne ne ne i mi bega :) :D
    Sama pocna da stanuva :) se drzi na foteljata ili nesto ke si najde i oop na noze :)

    Veke nedela/2kako pocna da lazi a poslednive denovi ubavo mace si imam doma :D veke e posilna i posilna :D
     
    На Umbrella22, ubavka1, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  10. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Чисто изговара мама, тата, баба, дада, папа, нееее:)
    Се научи да ме бакнува - бебешки :) ( само мене), изгледа оти јас претерувам со бакнување и кога ќе и речам сега ќе те бубам, она отвара уста и директно на образ кај мене се мести и не се трга.
    Јас во кујна пеам тапшин тапшин, за да ја занимавам, и едно време слушам плескање , се вртам и куклата дошла до трпезарија, не знам како оти не знае да лази, седната си плеска со рацете, еј не знаев дали да се смеам или да плачам, ни минута не смее сама да биде.
    Кога ќе и речам ам ам ( за да јаде дека е време) и се врти кон хранилката.
    Толку ми текна.
     
    На Umbrella22, ubavka1, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Денеска научи да станува сам од лежечка во седечка положба. Прво се поткрева на лакти и после се крева на стомачни (само треба да го задржам за нозете) Одвај пелена можам да му сменам, пола саат се мачам. Живец.

    Научил и да се кара со мене кога го облекувам, а понекогаш и со телевизорот се кара. Карањето му е “на на наааа“ или „ња ња њааа“
     
    На Umbrella22, ubavka1, TIGARCE86 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Научи да ги отвара вратичињата и фиоките од комодата во дневна, па сега цела ја блокирав со столици.

    Научи да се пушта од малото масиче до креветот.
     
    На Umbrella22, Rabbit, girl-miri и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Имав пред некој месец и ја отворено ваква тема ама беше психичкиот развој кај бебе, кој сметам дека и текако е важен покрај физичкиот уште ор најрани години, нејсе да пишамм некои работи кои во моментов ми паѓаат на ум а за другите кога ќе се сетам оти ги има многу.
    1 од првиот ден му читаме приказни од топер издавачката куќа имама цела едиција и 365 приказни а плус тоа и две дебели книги без сликички со бајки (тие за подоцна)
    2 му пуштам музика уште додека беше во стомачето мое класична, тоше, а и читање на книги гласно додека мрда во стомакот, тука учествуваше и тато се разбира и му зборувавме покрај читањето и слушањето музика
    3 детски песнички му пеам од месец дена и тој е вклучен со пеење во дует сме појаки хахахаа
    4 цртани гледа подолго време од 3 месеци на македонски Ноди, бројки, штрумфови, а на англиски а б ц песнички и пепа пиг, без овие работи не оди денот
    5 игра на секоја песнаа во дубаче одличен осет за ритам и јас сама му се чудам од 8 месеци е активен на ова поле
    6 играчки држи во раце од 2 ипол месеци и му ги покажувам со опис и тиа со мој глас му пеат песнички и му раксажуваат приказни посебно плишаните
    7 му раскажувам како денот ќе го поминеме
    8 го прашувам прашање и чекам одговор иако не добивам точен или можеби е точен сам јас незнам секогаш да го преведам од бебечки ама се рабираме иако на различни јазици збориме хаахаха
    9 не плаче кај други луѓр се дружи со секој нов и му раксажува бебешки приказни
    10 си тропка со тропалки и кутии полни со коцки
    11 знае кај му паѓаат играчките кога ќе ги фрли од столчето за хранење и мама кога ќе му каже дека не се фрлаат сите веднаш треба некој и да ги собере и си муабетиме
    итн итн....
     
    На Robin25, Umbrella22 и ubavka1 им се допаѓа ова.
  14. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    28.509
    И ние научивме нешто ново па да ви се пофалиме :P
    Се научи да прави ,,Ѕеее" Поточно ми се крие за завеста и ме поѕирнува од таму, се кикоти на глас кога ќе ни се сретнат погледите :rofl:.
    Веќе не само што заигруваме на омилените песнички, туку радоста ја исажуваме и со плескање со раце :clap:.
    Штом слуше некој познат нејзин хит веднаш подскокнува и почнува да плеска со рацете...аххх играорката на мама.
    А најинтересна ми е што јакничката ја поврзува со шетање. Штом види дека и ја облекувам јакната потскокнува и плеска со рачињата, испушта некои звуци на радост... знае дека одиме на шетање.
     
    На leona83, ubavka1, НаталиЛили и 3 други им се допаѓа ова.
  15. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски

    Исти сме и ние. А види јакна, капа, целата среќна е знае дека ќе шета. Ужива надвор да е.
    Исто и од вчера почна да игра и да се радува кога ќе и пуштиме песничка.

    Колку месеци сте вие @snegulkata ?
     
    На leona83, ubavka1 и snegulkata им се допаѓа ова.
  16. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    28.509
    9 месеци имаме.
     
  17. 702706

    702706 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    и да спамаме по теми... :)
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.661
    Пол:
    Женски
    Темата е што бебињата научиле :)
     
    На 702706 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 702706

    702706 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски

    ја покака за сите пари... т.е. самата си се покака :D
     
  20. Tove Lo

    Tove Lo Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    419
    hahahahhahahahahhahaha pa voopsto ne vidov pardon postot e deleted
     
    На 702706 му/ѝ се допаѓа ова.