1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ново научивме денес?

Дискусија во 'Бебе' започната од НаталиЛили, 24 декември 2014.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Денес видов драстична промена кај малечката. До сега тоа не сум го забележала.
    Не знам дали ви се случило такво нешто кога еден ден гледате едно дете а другиот ден е сосема ново и знае многу повеќе.
    Вечерва ме разбираше се. Прво и реков ајде седни па ќе ти го дадам чајот и одма седна на едно малечко столче па ги пушти рацете по шишето. И ги извадив чорапчињата и таа ги зеде и ги ставаше сама на ноџињата. Пушта бакнежи кога вика чао. Вечерва на мајка ми на телефон и викаше „Ало„ и потоа си кажуваше нешто по нејзино „Ту ту ту„. Ама интересно беше бидејќи мајка ми и зборува и таа „Ту„, пак мајка ми и зборува и пак „ту„. Како да и одговара.
    И највпечатливо ми беше кога ја зеде лажицата и удри на масата и викна „Дода„ Како божем „Доста„
    Се тоа го научила од вчера до денес.
    Ипак изгледа поминуваме скок во развој:lol:
     
    На kjukli, chocolade, green.eyes и 7 други им се допаѓа ова.
  2. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Sinko posle dva-tri dena,deneska definitivno skonta deka dole nesto mu visi :D na sekoe presoblakanje igra so kureto,pardon,zvonceto :P Kuronja nizaeden,tatkomu meraci go izedoa ;) Lele mnogu mi e smesen,go ostavam da popretka gol,gleda Baby tv i se drapka kako pubertetlija i po nekoj pensioner :DLjubi ga majka :)
     
    На chocolade, LaDyDoLl, bubic.k и 7 други им се допаѓа ова.
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    И мојов откако го откри на раат го нема оставено. Го соблечам ли рацете одма долу. Се држи дури и кога е облечен. Абе што да кажам, откритие на годината :D
     
    На chocolade, green.eyes, bubic.k и 7 други им се допаѓа ова.
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    I kaj nas ima mnogu novosti :D
    Pocna da pravi nekoe cekorce iako ne e stabilna seuste :)
    Znae da zeme nekoj predmet ili so raceto na uvoto(kaj glavata) i damo zbori se kara(demek na tel zboruva :D
    Encu menci so raceto sama si pravi :)
    Si stava ukrasi na galavat,stipki stegaci i sl....
    Vika-dane,tata,mama,buba,dis,ade,ane,drn drn :D site tie nesto i znacat :)
     
    На bambusce, green.eyes, НаталиЛили и 6 други им се допаѓа ова.
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Ме изненади денес, научил да се превртува :D Го оставив на ќебиња со играчки околу него додека му спремам млекце, го ѕиркам за 5 минути, што да видам-се свртел на стомаче си седи :D

    Има и други работи во меѓувреме научено, кога не сака веќе да јаде, го вади јазичето надвор и прска, кога го успивам ако не сака да спие прво пробува да стане, после некое време ми ги става прстињата во уста демек да не му пеам и ме гледа со фаца „џабе везеш, јас нема да спијам“ :D Кога ќе го прашам каде е татко му, прво погледнува накај надворешната врата, зашто секој ден го испраќа и дочекува кога оди и се враќа од работа. Ќе го прашам каде е мама, незаинтересиран е за прашањето, со друго е зафатен стално. Кога седи во столчето и има играчки пред него, намерно ги фрла доле, кога ќе се свртам ми се смее и чека да му ги дадам :)
     
    Последна измена: 20 април 2015
    На girl-miri, baby2014, НаталиЛили и 5 други им се допаѓа ова.
  6. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Сaмoстoјнo седи веќе 2 недели,кoгa ќе примети некoј интересен предмет или игрaчкa се пуштa дa јa земе сo рaцете,aкo не успее легнувa нa стoмaк и се туркa дa јa дoфaти,кoгa јaдеме aкo не сaкa веќе нaучи дa јa стискa устaтa, пoчнa дa седи и вo кoритo кoгa се бaњa и дa плускa вo вoдa сo рaце и нoзе... живи рaдoсти е вo вoдa <3
     
    На girl-miri, НаталиЛили, ubavka1 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Порано затвараше уста или ја вртеше главата кога не сакаше млеко, денес научи да ми ги бутка рацете кога го доближувам шишето. Пред 2 недели научи да вика бабаба, дедедее, ајдееее. Кога се смеам на глас и она се смее на глас иако не ме ни гледа :) штом ја фатам за рачиња и ја кренам за да седне, се стега цела и наместо да седне она е на нозе :). Од што не е стабилна и нема рамнотежа и се тресат ноџињата и многу е смешна :lol: а да, не знае да ми возврати да ми пружа раце кога и викам ајде дојди, туку кога сака да дојде во раце плаче со рачињата нагоре спремна да ја земам :D
     
    На girl-miri, baby2014, НаталиЛили и 4 други им се допаѓа ова.
  8. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Научи да покажува каде и е увото.
    Има една играчка мини маус, ќе ја земе во раце и ја ниша, демек да спиела играчката. Целата се врти додека ја нишка :D :D

    И кога јаде нешто што и се допаѓа ја става раката на мешето и прави мх мх мх , демек убаво и било. :D :D
     
    На girl-miri, bambusce, ubavka1 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Како јас да сум го пишувала постот на @chocolade, отприлика истите работи ги прави и мојов дечко :) И нон стоп мора да држи две тропалки и да ги удира меѓусебно. Техниката за превртување достигна совршенство...кога сака да земе нешто што е пред него, откако ќе свати дека само со кревање на газето не се померува :) се врти натака навака натака навака за да дојде паралелно со таргетот и после се превртува до него :)
     
    На girl-miri, bambusce, ubavka1 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Преку нок почна да ,збори'
    Дада,тата,бебе..по цел ден тоа го врти :)
     
    На kjukli, girl-miri, bambusce и 8 други им се допаѓа ова.
  11. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Бравос вие сте уште понапредни, мојата јок, нема абер од превртување :D а на стомак ја ставив над ќебе и си најде техника, си го влече ќебето и така си ги доближува играчките. Значи нема абер ни од лазење :D
     
    На baby2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    28.218
    Пол:
    Женски
    И ние научивме да се превртуваме од грб на меше и обратно,да го ставаме ноџето во уста и мн се радосни тогаш.И мама кога се смее на глас се смее и тој со глас мисли така треба.....
    Срцки секој ден нешто ново и се послатки и послатки се.
     
    На kjukli, girl-miri, bambusce и 3 други им се допаѓа ова.
  13. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Ќе почне да се превртува кај и да е @chocolade ...моето синче почна пред две недели буквално преку ноќ (се разбуди и одеднаш беше силен :muscle: веројатно му текнало како треба да ја намести раката)...
    Инаку од вчера нон стоп брбља нешто (wtf) кога му викам кажи МАМА (се смешка и се срами), а кога му викам кажи БАБА - се труди да имитира и изговара нешто како б.ба правејќи балончиња со устето :) срце мое :l:
     
    На chocolade и ubavka1 им се допаѓа ова.
  14. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    @chocolade Колку месеци сте? Мојата почна да лази на 9.5 месеци.
    Мислам дека вие сте уште мали, ако не се лажам.
     
  15. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Денес сум најсреќна неколку пати син ми го слушнав МАМ МАМ,живи радости сум ќе почнев да мочкам од среќа :D:Dисто бабаa тоа од некни почна,некако мн.брзо ми расте :inlove:
     
    На ZojaP, chocolade, leona83 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Научивме сами да мавтаме со рачето за "чао".
     
    На chocolade, Kaetana, leona83 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Вика ,дај' и ,на'
    И кога и се спие вика нан нан
     
    На chocolade, leona83, НаталиЛили и 4 други им се допаѓа ова.
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Koga tato odi narabota se baknuvame na usteto i mu kazuvame cao so raceto :)

    Probuva samata odi 4/5cekori i si sednuva(uste ima strav da odi) :)

    Koga nesaka da jade ili zatvora oci,ili so rakata mi ja trga cinijata ili glavata ja zavrtuva a na kraj vika Ne Ne :D

    MAMA MAMA ni e sekoj 2zbor :) i vednas ide kaj mama da ja zeme mama vo race :)

    Znae deka NE koga kazuva mama deka nesmee tamu(koga kako poslusuva :D
    Koga ima strav vika BuBa :D oti taka sum ja naucila :D
    Koga pravi nesto i vednas plaska so racinjata i baooo(bravoo)
    Saka vratata da ja otvori pa se potega na prsti :)
     
    На TIGARCE86, bambusce, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  19. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Кога и се цица ми ја трга блузата и вика нан - нан, бидејќи кога треба да спие јас и покажувам на цицето и и велам нан-нан.

    И научи да го тресе газето на музика. Живи смешки е.

    Кога е добро расположена и ќе и речам ајде гушкање, доаѓа и ме гушка.
     
    На chocolade, bambusce, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  20. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Imaaaa mnoogu novi raboti nauceno sto gi pravi od poodamna, ama denes me iznenadi. Koga kje ja vidi vratata na banjata deka e otvorena pravo se spusta tamu kaj masinata za perenje i pravo si go vrti kopceto na kolku stepeni si saka i odma si pritiska na start. Arno so masinata ne se uklicuva dodeka ne e zatvorena vratickata. Me gledase nekulkupati koga uklucuvav masina pred nea i zapamtila. Vredna moma kje bide na majka, peperurceto moe milicko.
    Ii osven sto ja griza cetkickata za zabi, sega odvreme navreme pocnuva da trie (povekje promasuva , bitno navika da stekne )
     
    На chocolade, Kaetana, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.