Osveen masinata za perenje hit i se peckite na koi se greeme. Nam ni se iskluceni za da ne se polnat, bidejki sega se stopli. I vo sabota si igrase tamu na niv i go zavrtela kopceto da se polni na trojka (najjako) i se polnela peckata cela vecer. Lele koga stanavme nedela sabajlevo, ne se diseeeee u dnevna. Vrsniikk zeskooo . Uste e topla peckata sega ne istinuva bidejki e toplo i nema potreba da gree.
До сега немам ништо пишано на темава. Нас последно ново ни е што освен бебешкото брбљање почна со зборови како: да, ајде, мама, тата. Имаме сликички на прозорец со животни, и го имитира лавот како правел, исто и прасето Не имитира и како киваме, како се мириса цвеќе, и како дедо пиел кафе Некаде од 7 месеци игра (во седечка позиција), почна прво со главата лево десно, а до ден денес има смислено уште еден куп кореографии Посебно омилена ни е Uptown funk од Бруно Марс Со рачето вика Чао уште од 8 месеци, и тоа не изненади на автобуска кога ја испраќавме баба му на маж ми...и рековме дека баба ќе оди "чао" а таа почна да мафта со рачето Инаку, какаме на нокшир од 8 месеци, после викаме "браво" па и сама си дава аплауз
Mnogu sme mali za da kazemedeka nesto se naucile,edvaj petnaeset dena. No sepak znaeme kako da si gi vadime rakavickite od race koi strasen sklet ni pravat. De so usta gi tegneme,de si pridrzuvame so ednata raka,stom izleze ednata veke drugata lesno se vadi
Ova moram da go napisam.. Koga go presoblekuvam,redovno me pomocuva ..taman go stavame noviot pampers,se aktivira 'fontanata'i se pravime utop. Znam deka ne e nesto za falenje sto sme naucile ama kako da ne spomnam koga mm od strana se smee i raduva a jas maka macam obleci sobleci.
Браво за малиот @galapce . Важно он си уживка, а мама ако нема друга работа нека се пресоблекува Е ние научивме да кажуваме дека сме какани. Се спремаме за спиење и малава се фаќа за памперсот и ми вика кака. И доаѓа накај мене да ја земам.
Немам пишувано на темава, но еве некој хронилошки сублимат од интерсни нови работи: Научи раат да се смее. Пред некое време и гласно се смее кога ја скокоткам. Пред ден два почна гласно да се смее и без да ја скокоткам туку кога и зборувам. Успатно, има нови писоци. Од палетата на радосни писоци, секако. Научи да се превртува од грб на стомак, но не го прави тоа многу често. И пред два дена научи да подава раце кон предмети... Ама полека, полека, мрда со прстињата и ја лизга раката до предметот, пустата уште нема координација за брзина!
Научи да вика "на" кога подава нешто. И кога ќе го земам и велам браво и таа целата среќна. Некогаш ако не и речам браво, таа плеска со рачињата, да ме "потсети". И научи да бакнува. До скоро ме лигавеше, касаше, ама сега убаво ме бакнува. Цмок. Медена на мамичка.
denes i staviv da jade i si rabotkam okolu,pa pak i stavam i pak si rabotam niz doma a vo megu vreme ja zirkam (jadese leb namackano) i naednas slusam Daj Daj ona si go izela lebceto i barase uste Isto taka mnogu saka da me baknuva vo uste,i vikam baci mama i vednas so usteto mlah a taticko si go baknuva sekogas koga odi da raboti
i nasiot tato go isprakjame na rabota mu mavame race za cao, poljubac, guskame. Ee mnogu se interesni srcki milii
И јас гледам немам пишувано на темава, ветувам дека почесто ќе ве дружам На господинот мој му здосади лазењето и сега сака да оди. Ајде што го водиме за раце туку и сам се исправа на што ќе му дојде при рака и тргнува да оди. Среќа што паѓа на газе . Од вчера почна да пие јогурт од чаша. Се мисли дека е голем дечко, па цуцла не е за него де .
Пред два дена научи да се превртува од грб на стомак, но не и обратно. Мама среќна, ама баба и ќе летне од радост
Oна што најново го научи кога го карам прво прави фаца како зачуден што пак кажува сега оваа,и после се фаќа со рачето за главче као демек леле ме натече оваа , е тогаш неможам да се воздржам се паѓам од смеење и он се смее со мене,неможам салам да го искарам,исто ново ни е кога јас го гушкам бацувам галам,и он се гали со мене прво ме шмука па ме гризи за носот возвраќа љубов душа моја златна...
Конечно научи да стави храна во уста. Додуша неколку пати само и ја фрли бисквитата ама проба и да ја грицне дури.
Од кога викам ќе пишам ќе пишам ова обврскиве и летниот период си го праат своето Значи веќе 2 недели викаме убаво та-та да-да де-де ма-ма правиме чао со рачето,правиме здраво,кога некој нешто објаснува со раце, и он дига раце објаснува чоеков,и него да го приметме исто веќе недела дена паткаме убаво,стоиме сами со помош на мама неколку минути се држиме за маса,па ја пуштаме мама сакаме сами да стоиме,она не разбира само умара јас веќе 9 месеци ќе полнам,брее ама пораснав мил мајкин тој златен ми е...
Денес конечно го кажа нејзиното име. Сега уште да ја научам да го каже кога ќе ја прашам како се вика Инаку одамна веќе знае кој е дедо, која баба и им се обраќа така. Исто и на сите постари што ќе ги види им вели дедо или баба. Бато си го вика нагалено Батеее. Ги знае имимињата на сите први братучеди. Секому му се обраќа по име. Исто знае кои алишта чиви се и кажува мама, демек на мама се или тато, ако се од тато. Се повеќе не разбира кога и зборуваме и знае да послуша одредени наредби. Да ми донесе нешто или да оди кај тато или бато. И вчера научи да вика ало. Ја зела маската од мобилниот, ја ставила на уво и вели awoo
До пред извесно време кажуваше мама и тата. Сега сѐ му е мама. Научи да се влече со газот по подот и од ден на ден е сѐ побрз и побрз. Научи да стави барем нешто во уста (соленки/грисини). Единствено тоа ставаме во уста, друго нема шанси. Научи да плеска сам со рачињата за браво. Не ми текнува друго во моментов...
Сеκој ден-нов бисеρ . Пρавиме чао чао,бρм-бρм со пρстето на устето,бρчи(пρди ) со уста,намигнува со очите(тоа е најинтеρесно),една бабичκа во κомшии го научи да го вади јазичето, игρа опа-иха,виκа да-да,κога ќе слушне неκој да вели не,тој веднаш нишκа со главчето,му довиκува со ρаче на мачето.
Se kacuva saM po skali , do 5ti sprat faten za gelender . Na lulaskute se kacuva , po lizgalkata sam se pusta . Me plasi duri sto e tolku aktiven . Kolicka nejke , odi kilometri faten za race . Vika po sestramu po ime . Jade sam so viluska , sam se hrani . Sam pie od casa . Ova se nauci za vreme od dva meseca dodema sme vo Mk . Porasna detevo . Mal covek e
Уф, многу нови работи од последниот мој пост овде Ептен усоврши вртење од стомак на грб и обратно. По цел кревет се тркала, веќе немам кај да го оставам До пред недела дена кога го ставав на нозе стоеше или на една нога, или на прстите како балерина Сега си стапнува на цела нога Вика „та-та“ за чао-чао, вика „та-та“ по татко му, мајка му уште е само дел од инвентарот Се научи да глуми навечер дека не може да заспие кај мене во раце, па вика „та-та“, го бара татко му да го успие, кога ќе го земе во раце секогаш испушта многу јака воздишка, демек „леле фала богу им текна“ Сака со татко му да се гали навечер, пошто слабо го гледа дење. Знае да се налути и да демонстрира лутина. Ако јадеме со сопругот, а он сака да го земе некој во раце, почнува да кенка, ама онака ко да си збори сам со себе и се жали, во смисла „аха, ме оставивте сам, ќе видите вие вечер“ Во последниов месец омилени играчки му се перниците. Многу сака да се крие во нив, и да загњурува со лицето во нив Па сака да го бараме пошто нели он се крие зад перниците Многу сака кога си играме пред огледало, си ги лови прстињата, сака мојот одраз во огледалото да го гали Иначе, ептен е гушкало, не пропушта прилика да се стутка во нас и да не бацува двајцата. Сака да застанеме пред прозор или пред вратата од тераса и да гледаме надвор. Интересно му е кога дува и му мрдаат лисјата (многу честа појава) и прави „уууу“, демек така дувал ветерот. Сака да ги гледа колите како поминуваат, ниедна не пропушта со поглед, со главчето прави ко тенис да гледа Ги сака галебите, секогаш се смее кога ни летаат над глава, само ќе беше супер мама да не се плашеше од нив и да го носеше поблиску до водата Само уште да научи да не се плаши од блендерот и правосмукалката Како зајче подрипнува од овие двете, плаче мислиш го тепа некој.
И мене ми се чини како да порасна ќерка ми преку ноќ. Три дена се гледаме само навечер пред спиење. И за тие 5-10 минути таа зборува како навиена. Не престанува. Си брбори нешто по нејзино.