Сабајле имав нешто работа низ градов,па носев тесни панталони памучни. На хеланки личат,ама хеланки со копче,патент и џебови.Сиви,темни..да одговараат со времево. Кошула ленена,по долги ракави,пикната во панталоните.Бела основа,искарирана со сиво,циклама и тегет. Под неа ѕирка бела чипка,од блузата одоздола. Окер каиш и ташна.Бели балетанки. Бел саат.Менѓушите слични.Само моите се ишарани со тегет и циклама. Косата во внатрешна плетенка. Сега,после тушот,во бањарка.Дали ќе ја соблекувам до пред излегување или дури тогаш,видечемо видечемо..
Кремасти шорцеви,морнарска маичка во бели и тегет линии,темни тегет балетанки,црна голема ташна,големи црни наочари и косата во високо репче.